01 Мај, 2024
0.0393

ФОКУС НА ДЕНОТ: Горивата поевтинија, гореа станови во зграда во Скопје

Објавено во: Македонија 10 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Нови цени нафтените деривати од ноќеска на полноќ.

За три денари поевтино возачите ќе точат ЕУРОСУПЕР 95 и ЕУРОСУПЕР 98 , додека со дизел ќе се полнат резервоари за да денари поевтино од претходната недела.

Во следните седум дена возачите за ЕУРОСУПЕР 95 ќе плаќаат 66,50 ден/лит додека за ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се плаќа 69 ден/лит. 

За 60 ден/лит. ќе се точи дизелот додека Екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава за 49,50 ден/лит.

Пад бележи и цената на мазутот кој оваа седмица ќе се плаќа 33,851 ден/кг.

Околу 14 часот пожар изби во зграда. По два часа пожарот е изгаснат. 

Пожарот избувна во стан на петти кат од зградата, а станот бил празен.

Пожарот го гаснеа 25 пожарникари со 10 возила од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје,а на терен беа и екипите на полицијата

Засега не се познати причините за пожарот.

Полицијата утрово го уапси Јахи Јахија, кадар на ДУИ и државен секретар во Министерството за информатичко општество. СДК објави дека приведувањето е по налог на обвинителката за организиран криминал Вилма Рускоска, а за функционерот ќе се бара и притвор.

Кумановецот земал мито од десетици илјади евра во периодот 2014-2015 и се гони за злоупотреба на службената положба и овластувања, земање провизија од добиен тендер и за злоупотреба на европски ИПА фондови.

МВР вршело претрес во министерството и во неговиот дом, а веста ја потврдуваат и сведоци кои го затекнале приведувањето на Јахија на неговото работно место.

Новинарот Балеж Цеко на својот Tвитер профил објави фотографија од екс премиерот, Никола Груевски кој присустувал на прием на брод. Тој таму се наоѓа во друштво со неколку мажи, чиј идентитет не е откриен.

Груевски присуствувал на бизнис настан наречен „Будимпешта бизнис забава“.

Порталот „444“ пишува дека тој претходно дента се сретнал со заменик државниот секретар во унгарското МНР, Иштван Јо, во стан наводно во сопственост на двајца кинески државјани

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Панче Тошковски вели дека Палевски ќе биде екстрадиран во најкраток рок

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Панче Тошковски вели дека Палевски ќе биде екстрадиран во најкраток рок

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Супер е шишање кај бербер со слична фризура

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Супер е шишање кај бербер со слична фризура

ПЕНДАРОВСКИ: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

ПЕНДАРОВСКИ: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

ТОШКОВСКИ: Во најкраток рок ќе биде екстрадиран Љупчо Палевски

ТОШКОВСКИ: Во најкраток рок ќе биде екстрадиран Љупчо Палевски

ЗАВРШЕНИ СЕ ПОТРЕБНИТЕ ПРОЦЕДУРИ: Полицијата веќе почна со организацијата на екстрадицијата на Палевски

ЗАВРШЕНИ СЕ ПОТРЕБНИТЕ ПРОЦЕДУРИ: Полицијата веќе почна со организацијата на екстрадицијата на Палевски

ПЕНДАРОВСКИ: Kaко Силјановска Давкова ги обезбедила тие информации дека во ДУИ има поделба?

ПЕНДАРОВСКИ: Kaко Силјановска Давкова ги обезбедила тие информации дека во ДУИ има поделба?

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јавна тајна е дека внатре во ДУИ има две струи, едните за, едните против

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јавна тајна е дека внатре во ДУИ има две струи, едните за, едните против

СЕ „ЕВАКУИРА“ СКОПЈЕ: Луѓето се упатија кон Грција

СЕ „ЕВАКУИРА“ СКОПЈЕ: Луѓето се упатија кон Грција

ДУИ ДО МИЦКОСКИ: Вокабуларот е агенда на Москва и Путин кои сакаат да ја дестабилизираат Македонија

ДУИ ДО МИЦКОСКИ: Вокабуларот е агенда на Москва и Путин кои сакаат да ја дестабилизираат Македонија