27 Април, 2024
0.0288

ФОКУС НА ДЕНОТ: Груевски се спаси од „Траекторија“, на Боки 13 му откажал бубрегот

Објавено во: Македонија 13 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Поранешниот премиер Никола Груевски, актуелен азилант во Унгарија, е ослободен од кривична одговорност од страна на судот за предметот „Траекторија“ што го отвори поранешно СЈО. Ваквата одлука следуваше откако неговиот адвокат по службена должност Горан Кркински побарал прекинување на постапката заради апсолутна застареност.

Рочиштата за „Траекторија“ една година се одвиваа без присуство на бегалецот Груевски, кој беше обвинет за кривичното дело "примање награда и противзаконито влијание", при изборот на кинеската  фирма за изградба на автопатите.

Бојан Јовановски, познат уште како Боки 13 може да умре за 15 минути. Му откажал левиот бубрег, изјави за „Слободен печат“ адвокатот на Јовановски, Сашо Дуковски.

Јовановски, но и неговиот адвокат од судските власти бараа затворскиот притвор да му биде заменет со домашен, токму поради нарушеното здравје, но тоа барање беше одбиено. Адвокатот вели дека секој ден здравствената состојба му се влошува. 

Фактор се обиде да ја потврди информацијата, но Дуковски не е достапен. 

Боки 13 е во притвор веќе неколку месеци за случајот „Рекет“. 

Хајко Мас, министерот за надворешни работи на Германија, денеска во Скопје порача дека дошол да ја посети Македонија за да ја увери да гледа напред по неуспехот во Брисел да се опредлеи почеток на преговорите со Европската Унија.

- Не се откажуваме. Северна Македонија последнава година постигна енормно многу. Откако во октомври не ни успеа, ќе продолжиме да работиме на ова поле. Ве уверувам дека интересот на Европа за Западен Балкан останува од најголемо значење. Германија стои зад вас и ќе се залага и на следниот Самит во мај, рече Мас по средбата со министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција откри дека најголемата опозициска партија решила на изборните листи за предвремените парламентарни избори во април да доминираат и да бидат предводени од лица кои до сега не се нашле на истите.

- Да. Во изборните единици, најголемиот дел, можеби и комплетно, целосно ќе бидат луѓе кои до сега не биле носители на пратеничките листи. истото ќе биде и со составот на пратеничките листи. Најголемиот дел би биле луѓе кои до сега не биле пратеници. Мерењата ќе го дадат одговорот за тоа. Сето тоа ќе треба Централниот комитет на крајот да го потврди, рече Мицкоски на денешната прес-конференција.

Дали е реален или не, експертите се поделени, но никој не го фали дека е особено развоен.  

Откако Владата најпосле го стокми и го претстави пред јавноста, предложениот буџет за 2020 година во следните денови ќе биде предмет на економска и политичка дебата. Конечниот збор ќе го кажат народните избраници, а распоредот на силите гарантира дека ќе биде донесен.

Традиционалните брендови на струмичката компанија „Грозд“ за првите девет месеци ја зголемиле продажбата за 6 отсто, а на домашниот пазар дури за 11 отсто до износ од 2,4 милиони евра

Антикорупциската комисија ќе го испитува случајот со доделената државна помош за ТЕ-ТО, потврдија од комисијата за Фактор. Велат дека нема да го отвораат предметот сами, туку по доставени документи од акционери од Топлификација со кои веќе разговарале.

Државни патишта ќе земе, а државава ќе гарантира за голем кредит од кинеската ЕКСИМ банка, тежок дури 180 милиони долари, со цел да се доизгради автопатот Кичево-Охрид.

Колку треба да се плати за подигнати на пример 30.000 денари од финансиско друштво, а како се зголемуваат трошоците со зголемување на рокот на отплата. „Фактор“ непосредно истражуваше за да ви ги даде одговорите на овие прашања и на многу други дилеми околу кредитирањето на граѓаните во прилично новите финансиски друштва

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“