26 Април, 2024
0.0317

ФОКУС НА ДЕНОТ: Јанева остана без работа, обвинителите од СЈО се враќаат во своите матични обвинителства

Објавено во: Македонија 16 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Сите обвинители од Специјалното јавно обвинителство се враќаат во матичните освен притворената Катица Јанева која од денeска и практично е без работа. Нејзе Советот на јавни обвинители во саботата и го укина мандатот, а денеска било ставено вон сила и решението со кое и мирува работата во ОЈО Гевгелија, поради што таа не смее повеќе да работи и таму. Претседателот на Советот Ацо Колевски денеска рече дека поради истекот на нејзиниот мандат во ОЈО за организиран криминал на Вилма Рускоска, Лиле Стефанова нема да се врати таму туку во ОЈО-Радовиш.

Бурим Рустеми се враќа во ОЈО, Скопје, Елизабета Јосифовска во ОЈО Гостивар, Љубомир Лапе, во ОЈО Куманово, Стевчо Донев – ОЈО Кочани Фатиме Фетаи – ОЈО Скопје исто како и Гаврил Бубевски, Ленче Ристовска, Артан Ајро и Трајче Пеливанов.

Дали некои од предметите досега отворени од СЈО ќе им бидат доделени на овие обвинители, Колевски рече дека ќе одлучи државниот јавен обвинител Љубомир Јовески.

Бојан Јовановски првоосомничен во случајот „Рекет“ е во многу лоша здравствена сосотојба, изјави за Телма, за емисијата Код, неговиот адвокат Сашко Дукоски.

Адвокатот вели дека неговиот клиент има многу големи болку од претходно направени две неуспешни операции кој тој, како што рече Дукоски ги направил на своја желба. Моментно, вели тој Боки 13 повраќал речиси секој ден и имал болки, а затворската управа била коректна и секогаш му била обезбедена здравствена заштита

Советот на јавни обвинители денес ќе ја продолжи седницата на која ќе се расправа за статусот на обвинителите во СЈО а се очекува тоа да биде последна суштинска одлука пред целосното згаснување на ова обвинителство.

Претседателот на Советот, Ацо Колевски, изјави дека денеска очекува да биде констатиран престанок на нивниот мандат и, како што вели тој, најверојатно тие ќе се вратат во своите матични обвинителства од каде ги регрутираше нивната досегашна шефица Катица Јанева, која беше разрешена во саботата пред истекот на нејзиниот мандат.

„Ќе мораме да ги примениме одредбите од законот за специјално обвинителство за престанок на нивната функција затоа што таму е предвидено дека нивниот мандат не може да го надмине мандатот на специјалниот јавен обвинител. Ние само тоа ќе го констатираме со одлука“ наведе Колевски.

Тој потенцираше дека не може да продожи работата на СЈО со в.д. специјален обвинител како што имаше такво претходно мнение, бидејќи тоа не го дозволува толкувањето на законот

ВМРО-ДПМНЕ бара со свој обвинител да ја смени Вилма Русковска.

„Треба да се задржи да остане обвинителството за гонење на криминал и висока корупција како единствено, неподелено обвинителство, да нема нови хибридни решенија, а самото преземање од страна на ова обвинителство на надлежностите на досегашното специјално јавно обвинителство доколку се донесе закон за истото, да вклучат и избор на новиот обвинител за организиран криминал при што опозицијата, Собранието и Комисијата за избори и именување ќе имаат битна улога“, изјави Антонио Милошоски од ВМРО ДПМНЕ.

Можеби ќе ве интересира

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката