26 Април, 2024
0.1919

ФОКУС НА ДЕНОТ: Катица приведена, се офајдила со мебел, партиите бараат одговорност

Објавено во: Македонија 21 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Вилма Рускосака која ја води истрагата за предметот „Рекет“ денеска побара приведување, но и притвор на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Јанева е осомничена од ЈО за трет вмешан во случајот со Бојан Јовановски и Зоран Милевски.

Државниот обвинител соопшти дека обвинителството има докази дека Јанева остварила лична корист од околу 290 илјади денари претежно во мебел така што влијаела на постапката овозможувајќи олеснување на позицијата на осомничен во случајот „Империја“.

Посочи дека Јанева ја злоупотребила службената позиција и остварила лична корист со тоа што, најпрво влијаела за ослободувње од притвор и враќање на патната исправа, а потоа и дала предлог да се олесни положбата на осомничениот за „Империја“ со негово прифаќање како сведок во постапката.

Полицијата попладнево по налог ЈО ја приведе Катица Јанева во нејзиниот дом во скопската населба Козле. Таа со полициска придружба беше донесена во СЈО.

Обвинителката Вилма Рускоска потврди дека полицијата влегла во СЈО со налог да се одземе компјутерот на Јанева.

Полицијата попладнево го изнесува мебелот од домот на шефицата на СЈО во оставка, Катица Јанева во Козле. 

Денеска на прес-конференција во ОЈО беше кажано дека таа прибавила имотна корист од 290.000 денари и тоа во мебел во случајот „Рекет“. 

Полицијата врши претрес и во куќата на јанева во Гевгелија. 

Возило на Брзата помош е пред Кривичниот суд каде на сослушување е однесена специјалната јавна обвинителка во оставка oд СЈО, Катица Јанева, која е осомничена во случајот „Рекет“ и денеска беше приведена. 

Најверојатно на Јанева ѝ се слошило. Возилото на Брзата помош пристигнало околу еден час откако почнало сослушувањето.

Во Кривичен се одлучува дали ќе биде одреден притвор за Јанева на барање на Јавното Обвинителство. 

Обвинителката Вилма Русковска  пристигна во Кривичен. 

Претходно, Јанева  беше однесена во нејзиниот дом во Козле каде имаше заплена на мебелот купен со парите од ,,Рекет”.

Јанева вчера како сведок даваше исказ во обвинителството, каде се задржа со часови. 

Правната држава функционира, a истрагата да продолжи онаму каде што водат доказите, порачаа денеска од СДСМ. 

Градењето на независен правосуден систем ги покажува вистинските резултати, додаваат од партијата. 

„Правната држава функционира, неселективно за сите. Никој не е над законите и секој ќе одговара за своите постапки. Целосно ги поддржуваме напорите на истражните органи за целосно расветлување на овој случај. Како и досега, СДСМ ги охрабрува и ги повикува сите надлежни институции да продолжат со длабинска, независна истрага за случајот „Рекет“, да постапуваат согласно законите. Очекуваме истрагата да продолжи онаму каде што водат доказите, да ги покаже сите детали и никој да не биде поштеден, ниту амнестиран. Одговороност мора да понесат сите инволвирани, без разлика на политичка или на било каква друга припадност. Обидите да се попречи правдата или истрагата да се насочи во друга насока нема да успеат“, вели портпаролот Костадин Костадинов

Нејзиното приведување требаше да се случи уште првиот ден, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ за специјалната јавна обвинителка во оставка, Катица Јанева. 

Вели дека таа е само една алка од синџирот. 

„Скандалозна е изјавата на јавниот обвинител дека од 8 милиони евра, таа зела само мал дел. Таа изјава ги потценува граѓаните. Да се расчисти случајот и да се расветли улогата и одговорноста на сите инволвирани“, бараат од партијата.

Можеби ќе ве интересира

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката