26 Април, 2024
0.0378

ФОКУС НА ДЕНОТ: Oбвинителството ќе го истражува случајот со Павле Богоевски, ВМРО-ДПМНЕ бара „метла“ за него

Објавено во: Македонија 16 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Oбвинителство побарало МВР да го утврди идентитет на сопственикот на профилот Илија Громовник кој ја објави снимката на пратеникот Павле Богоевски, а на која наводно се слуша како народниот избраник нарачува кокаин. 

Наредбите се издадени со цел да се преземе кривичен прогон, информираат од јавното обвинителството.

Основното јавно обвинителство Скопје го очекува известувањето од Министерството за внатрешни работи во врска со наводите кои ги пријавил пратеникот во полициска станица, со пропратна документација. Околу содржината на снимениот разговор ќе бидат направени проверки за да се утврди дали постојат елементи на сторено кривично дело. 

Пред два дена на социјалните мрежи беше објавена снимка за која објавувачот тврди дека се слуша како пратеникот нарачува кокаин. Богоевски на Фејсбук ја потврди автентичноста, но тврди дека нарачувал масло од канабис.

Со коментар за последните случувања со пратеникот Павле Богоевски се јави и собранискиот претседател Талат Џафери кој вели дека Законодавниот дом нема основда постапува за Богоевски.

Џафери образложувајќи кажа дека нема уставна ниту деловничка основа да покрене постапка во случајот со пратеникот Павле Богоевски и очекува ефикасно постапување на надлежните институции за целосно расчистување на случајот.

„Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, секогаш кога според Уставот и Деловникот на Сoбранието е должен да постапува, презема конкретни иницијативи и мерки кои се во согласност со неговата надлежност. Во овој момент нема основ за каква било постапка. Претседателот на Собрането очекува дека надлежните институции ќе постапуваат ефикасно и целосно ќе го расчистат случајот“, стои во ставот соопштен од кабинетот на Џафери.

Најдена е мајката на бебето кое деновиве минувач го пронашол во парк. 

Малолетничка од скопската населба Топанско поле е мајката која се породила и го фрлила бебето на тротоар во Топанско поле.

Таа на социјалните работници им кажала дека не може да се грижи за бебето, затоа што нема партнер. 

Несовесната мајка во присуство на нејзината мајка била однесена на лекар.

Можеби ќе ве интересира

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“