26 Април, 2024
0.0398

ФОКУС НА ДЕНОТ: Oткажана лидерската, Заев предложи Русковска да ја замени Јанева

Објавено во: Македонија 19 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Лидерската средба дефинитивнонема да се одржи. Од Владата објавија дека не се создадени услови за постигнување консензус за организирање на средба. Во соопштението стои дека Владата одбива да прифаќа ултиматуми од ако што велат, неодговорниот партиски претседател на ВМРО-ДПМНЕ кој според нив, заштитата на криминалот и заложбата за блокади и изолации ги става пред државните интереси за напредок на нашата земја. 

„Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, со иницијативата за лидерската средба покажа подготвеност да се прифатат сугестиите и предлозите за овие прашања, за да бидат вградени во програмските активности на Владата во претстојниот период, но нема да прифати ултиматуми кои единствено имаат за цел да го блокираат напредокот на Република Северна Македонија.

Стратешките интереси на државата, реформите и подобрувањето на квалитетот на животот на граѓаните, не смеат да бидат предмет на уцена на опозицијата. Националните интереси и правдата за граѓаните се неприкосновени и со нив нема и не смее да има компромиси, стои во известувањето.

Заев денеска на прес-конференција објави дека Владата следната недела во Собранието ќе поднесе нов текст на закон за јавното обвинителство, според кој СЈО ќе се вгради во хиерархијата на основното обвинителство и ќе се вика Јавно обвинителство за организиран криминал и висока корупција.

- Ги повикувам сите пратеници со сета внимателност да го проследат предлогот. Исклучително значајно е да кажеме дека да се препознае моментот за ставање на политичките разлики на страна, рече Заев откако беше откажана лидерската средба на која една од темите требаше да биде иднината на СЈО.

СЈО ќе се интегрира во досегашното ОЈО и во хиерархија и субординација ќе биде контролирано од актуелната обвинителка за организиран криминал Вилма Рускоска. Сите обвинители ќе продолжат да работат во јавното обвинителство и же може да конкурираат. Одлуките за кадровските прашања ќе ги носи Советот на јавни обвинители.

Од ВМРО-ДПМНЕ за 1ТВ велат дека ќе го почекаат предложеното решение на премиерот Зоран Заев за СЈО. 

Но, сметаат дека навидум предлогот изгледа како лична желба на првиот човек на извршната власт.

Потоа  партиските структури ќе го анализираат предлогот на Заев и ќе изготват став по ова прашање. 

„Во меѓувреме, партијата продолжува да работи на предлог-Законот за јавно обвинителство кој ние го предложивме, а кој треба да ги испочитува европските стандарди. Она што беше изнесено на прес-конференција наликува на лични желби на Заев од неговиот најголем страв, партијата ВМРО-ДПМНЕ, која сака да ја нема за да продолжи да владее на погубен начин, како што го прави тоа“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Можеби ќе ве интересира

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката