07 Октомври, 2024
0.0251

ФОКУС НА ДЕНОТ: Пожарот во велешко остави пустош, Катица Јанева куртули од разрешување

Објавено во: Македонија 27 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Загрижувачката огнена стихија синоќа во околината на рекреативниот центар „Младост“ крај Велес ја изгоре и железничката пруга по што редовната линија не можеше да сообраќа ниту утрово.

Од  Македонски железници потврдија дека патничкиот воз од Велес за Кочани не сообраќал затоа што изгореле стотина железнички прагови и стручни лица треба да решат дали делницата до Кочани е употреблива.

Инаку во самото гаснење на пожарот учествувал и железничкиот противпожарен воз. Кога станува збор за направената материјална штета од пожарот кој му се закануваше на Велес, познато е дека се опожарени 400 хектари површина, од кои педесетгодишна црноборова шума на 200 хектари и исто толку трева.

Настрада и свињарска фарма и една викендичка. Официјален извештај за штетата се очекува утре.

Нема одлука за разрешување на специјалната обвинителка од СЈО, Катица Јанева. 

Советот на јавни обвинители денеска не донесе одлука за разрешување на специјалната јавна обвинителка, Јанева која заврши во притвор за случајот „Рекет“. 

Претседателот на Советот на јавните обвинители, Коле Штерјев, по скоро осум часа од денешната седница за точката за разрешување на Јанева, рече дека денеска одлука не донеле и продолжуваат в четврток во 10 часот.

„Советот од 11 часот досега работеше на разгледување на списите од предметот. Се работи за обемен предмет за обемни списи, има многу прибавени докази, многу транскрипи,” рече Штерјев.

Штрјев рече дека не може да соопшти детали за тоа какви се ставовите на останатите членови за барањето за разрешување на Јанева.

Седницата ќе продолжи во четврток во 10 часот. 

Зоран Заев е споменат само еднаш во исказот на Орце Камчев и тоа само дека бизнисменот случајот го пријавил кај премиерот, рече денеска обвинителката Вилма Русковска откако доказите за Рекет и за Катица Јанева ги презентираше пред Советот за јавни обвинители. Русковска вели дека сите други информации кои беа објавени за вмешаност на политичари и на Заев во случајот се како што рече, дезинформации на одредени медиуми.

Таа вели и дека се уште нема информации за тоа од како протекол дел од записникот од исказот на еден од сведоците што беше објавен. За тоа трае истрагата, но додаде и дека записниците не им се доставуваат на сведоци пред завршувањето на истражната постапка.

Русковска денеска ги презентирала сите обезбедени докази за случајот пред Советот на јавни обвинители каде денеска с еодлучува за разрешувањето на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева

Можеби ќе ве интересира

ТВРДИ ДЕКА ПРЕДМЕТОТ Е ЧИСТ КАКО СОЛЗА: Јакимовски ќе врати со кривична за лажно пријавување

ТВРДИ ДЕКА ПРЕДМЕТОТ Е ЧИСТ КАКО СОЛЗА: Јакимовски ќе врати со кривична за лажно пријавување

Ивица Боцевски започна со работа како специјален претставник на Владата

Ивица Боцевски започна со работа како специјален претставник на Владата

ИНСПЕКТОРИ ГИ ЧЕШЛААТ ДЕТСКА КЛИНИКА И КОЗЛЕ: Се испитуваат сите факти за смртта на 14 месечното бебе

ИНСПЕКТОРИ ГИ ЧЕШЛААТ ДЕТСКА КЛИНИКА И КОЗЛЕ: Се испитуваат сите факти за смртта на 14 месечното бебе

„ЗАИГРА“ ПАЈАКОТ ВО ЦЕНТАР: Дури 148 возила беа кренати заради непрописно паркирање

„ЗАИГРА“ ПАЈАКОТ ВО ЦЕНТАР: Дури 148 возила беа кренати заради непрописно паркирање

„ВТОР ТРАГИЧЕН СЛУЧАЈ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА“: СДСМ бара анализа за утврдување на одговорноста за бебето кое почина на Детската клиника

„ВТОР ТРАГИЧЕН СЛУЧАЈ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА“: СДСМ бара анализа за утврдување на одговорноста за бебето кое почина на Детската клиника

И ВО ГОСТИВАР ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ: Тетово се снабдува со намалено количество вода

И ВО ГОСТИВАР ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ: Тетово се снабдува со намалено количество вода

TAКСИСТИ ШТО МАМАТ, КУЧИЊА СКИТНИЦИ, НЕМАЊЕ ИНФОРМАЦИИ OНЛАЈН ЗА ПРЕВОЗOT: Tуристите велат дека ова ги одвраќа од подолг престој

TAКСИСТИ ШТО МАМАТ, КУЧИЊА СКИТНИЦИ, НЕМАЊЕ ИНФОРМАЦИИ OНЛАЈН ЗА ПРЕВОЗOT: Tуристите велат дека ова ги одвраќа од подолг престој

ЕВЕ ШТО ВЕЛИ ДИМИТРОВ: „Има за што да се преговара со Бугарија“

ЕВЕ ШТО ВЕЛИ ДИМИТРОВ: „Има за што да се преговара со Бугарија“

МИЦКОСКИ НАБРОЈА СО КОИ ЗЕМЈИ МАКЕДОНИЈА ЧЕКАЛА НА РЕД ЗА ПОЧЕТОК НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Станува збор за шест земји зад кои остана Македонија

МИЦКОСКИ НАБРОЈА СО КОИ ЗЕМЈИ МАКЕДОНИЈА ЧЕКАЛА НА РЕД ЗА ПОЧЕТОК НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Станува збор за шест земји зад кои остана Македонија