27 Април, 2024
0.0296

ФОКУС НА ДЕНОТ: Пратениците куртулија од нарко тестови, шест препораки за нашата економија

Објавено во: Македонија 17 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Претседателот на Собранието, Талат Џафери не дозволи  пратениците да се тестираат дали се нарко зависници затоа што немало правен основ за  иницијативата на независната пратеничка група која ја поддржаа и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Вели дека во Законот за пратеници, во Деловникот за работа на Собранието и во Уставот нема правен основ според кој Претседателот и Собранието на Република Северна Македонија би можеле да ја реализираат Иницијативата на Независната пратеничка група. 

Пратеничката Јагода Шахапска од СДСМ претходно рече дека е прифатлива иницијативата на осумтемина независни пратеници од ВМРО-ДПМНЕ сите пратеници во Собранието доброволно да направат тест за (зло)употреба на наркотични средства.

Европската Унија испорача препораки за македонската влада за стабилизирање на домашната економија. 

Се работи за шест препораки кои треба да се реализираат за една година. 

Тие бараат да се воведат правилата - јавниот долг да не надмине 60 проценти од БДП, а дефицитот 3 проценти. Побараа стабилизација на јавниот долг, но и во него да влезат и долговите на јавните претпријатија. Забелешка имаа и за ниската реализација на капиталните инвестиции и порачаа да се реализираат според планот.

Oсновното јавно обвинителство ќе побара помош од Интерпол за откривање на Илија Громовник. 

ОЈО побарало од Русија да помогне за откривање на идентитетот на лицето кое се крие зад псевдонимот Илија Громовник, кој честопати објавува нови „бомби“ поврзани со луѓе од политичкиот и бизнис врвот на Македонија, пренесува 1ТВ.

Ако Русија не се огласи, ОЈО ќе се обрати до Интерпол и ќе побараат да стапи во контакт со тамошните власти за да се обезбедат информации за објавувачот на аудио снимките.

Ако и напорите преку Интерпол да се влезе во траг и да се спречи Громовник не успеат, тогаш обвинителството ќе бара меѓународна правна помош.

Напуштила немоќно дете, затоа мајката кооја е востановено дека е малолетна ќе одговара кривично.

Ова го соопштија од МВР откако е заклучено дека лицето со иницијали А.А (17) направила кривично дело.

Од соопштението на МВР се заклучува дека СВР ќе поднесе кривична пријава против мајката согласно делото кое е казниво по член 200 од Кривичниот законик. .

Стана јасно дека мајката своето машко новороденче го оставила на земја близу нејзината куќа на булевар „Македонско Косовска Бригада“.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“