07 Октомври, 2024
0.0382

ФОКУС НА ДЕНОТ: Предметите од СЈО одат во раце на ЈО, за СЈО ова е крај?

Објавено во: Македонија 06 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Јавното обвинителство ги прифати предметите од СЈО. 

„Јавното обвинителство на Република Северна Македонија на одржаниот Стручен  колегиум на јавните обвинители во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија на 05.09.2019 година, го разгледа Известувањето испратено од Јавниот обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите доставено преку судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје и Известувањето од  јавни обвинители на тоа обвинителство, при што зазеде став да ги преземе во надлежност и натамошно постапување предметите кои ќе му бидат предадени од Јавното  обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. Ваквиот став е заснован на уставната положба  на  Јавното обвинителство како единствен државен орган надлежен за гонење на  сторителите на кривичните дела  и на други со закон утврдени казниви дела, начелото на легалитет на кривичното гонење, според кое јавниот обвинител е должен да преземе кривично гонење, ако постојат докази дека е сторено кривично дело за кое се гони по службена должност, како и  обврската во име на општеството да се грижи за ефикасноста на кривично – правниот систем,  почитувајќи го принципот на правна сигурност на граѓаните како темелна вредност на владеењето на правото. Постапките по конкретните предмети ќе продолжат во надлежните јавни обвинителства“ - информираа од Јавното обвинителство.

Специјалната јавна обвинителка која е во притвор за „Рекет“, Катица Јанева од Шутка побара ЈО да ги преземе предметите на СЈО. 

Допрва ќе видиме зошто СЈО се закопува и што има таму да се крие, рече професорот Гордан Калајџиев. 

Додава дека Катица Јанева нема овластување ни во нормални услови, а не пак во притворски да ги делегира предметите на Специјалното јавно обвинителство на друго обвинителство, како што тоа го направи со полномошно испратено од затвор.

Додава дека таа овие предмети ги добила со закон и мора да ги работи. Тој е разочаран што не се знае кој прислушувал во Македонија. Ако предметите се префрлат, вели дека може да се развлечат и да пропаднат. Калајџиев вели дека СЈО може да довери некој предмет на друго обвинителство, но тоа би било еден конкретен предмет, а не сите.

Премиерот Зоран Заев на отворањето на оддел за кардиологија во болницата „8 Септември“ го повика лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно да учествуваат во работната група предводена од министерката за правда, Рената Дескоска, за предлог-законот за Јавното обвинителство и за судбината на предметите на СЈО.

Во оваа група инаку учествуваат видни правни експерти и раководоители од правосудниот систем, а меѓу нив државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески, академикот Владо Камбовски, обвинителката од СЈО, Ленче Ристоска, универзитетскиот професор Гордан Кајалџиев и уште неколкумина.

- Сериозно е прашањето, не сме толку далеку од решението. И да не се најде решение, предметите одат во редовното јавно обвинителство. Тоа е и поривот на Катица Јанева што ги предаде предметите. Работната група има денеска состанок, да ни каже дали има потреба од лидерска средба, аон треба ќе повикаме и други политички лидери. Стручните луѓе од работната група ако заклучат дека треба да имаме лидерска средба со Мицкоски, јас сум подготвен, рече Заев пред новинарите.

Писмата не се нејзина самостојна иницијатива, се работи за една добро координирана акција меѓу Заев, рекетарката Јанева, министерката за правда Вилма Рускоска и обвинителот Јовески“, рече пратеникот Антонио Милошоски за писмата кои специјалната јавна обвинителка Катица Јанева ги пратила од притворот во Шутка.

Можеби ќе ве интересира

„ЗАИГРА“ ПАЈАКОТ ВО ЦЕНТАР: Дури 148 возила беа кренати заради непрописно паркирање

„ЗАИГРА“ ПАЈАКОТ ВО ЦЕНТАР: Дури 148 возила беа кренати заради непрописно паркирање

„ВТОР ТРАГИЧЕН СЛУЧАЈ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА“: СДСМ бара анализа за утврдување на одговорноста за бебето кое почина на Детската клиника

„ВТОР ТРАГИЧЕН СЛУЧАЈ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА“: СДСМ бара анализа за утврдување на одговорноста за бебето кое почина на Детската клиника

И ВО ГОСТИВАР ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ: Тетово се снабдува со намалено количество вода

И ВО ГОСТИВАР ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ: Тетово се снабдува со намалено количество вода

TAКСИСТИ ШТО МАМАТ, КУЧИЊА СКИТНИЦИ, НЕМАЊЕ ИНФОРМАЦИИ OНЛАЈН ЗА ПРЕВОЗOT: Tуристите велат дека ова ги одвраќа од подолг престој

TAКСИСТИ ШТО МАМАТ, КУЧИЊА СКИТНИЦИ, НЕМАЊЕ ИНФОРМАЦИИ OНЛАЈН ЗА ПРЕВОЗOT: Tуристите велат дека ова ги одвраќа од подолг престој

ЕВЕ ШТО ВЕЛИ ДИМИТРОВ: „Има за што да се преговара со Бугарија“

ЕВЕ ШТО ВЕЛИ ДИМИТРОВ: „Има за што да се преговара со Бугарија“

МИЦКОСКИ НАБРОЈА СО КОИ ЗЕМЈИ МАКЕДОНИЈА ЧЕКАЛА НА РЕД ЗА ПОЧЕТОК НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Станува збор за шест земји зад кои остана Македонија

МИЦКОСКИ НАБРОЈА СО КОИ ЗЕМЈИ МАКЕДОНИЈА ЧЕКАЛА НА РЕД ЗА ПОЧЕТОК НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Станува збор за шест земји зад кои остана Македонија

НОВАТА ВЛАДА ПОВЕЌЕ МУ СЕ ДОПАЃА НА КУРТИ: Еве што кажа косовскиот премиер

НОВАТА ВЛАДА ПОВЕЌЕ МУ СЕ ДОПАЃА НА КУРТИ: Еве што кажа косовскиот премиер

ПРЕТСТОИ „ЖЕШКА НЕДЕЛА“: Мини лето од денес во земјава

ПРЕТСТОИ „ЖЕШКА НЕДЕЛА“: Мини лето од денес во земјава

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме