ИНЦИДЕНТ ВО АВТОКОМАНДА, АМАДЕУС БЕНД САКАШЕ ДА ГО ПРЕКИНЕ КОНЦЕРТОТ: „Се налутија на тонецот“
Објавено во: Македонија 05 Октомври, 2024
На манифестацијата
„Вкусовите на Гази Баба“ што се одржува во населбата Автокоманда во Скопје,
вечерва се случи инцидент, информираат за Фактор граѓани кои во моментов се
таму.
Велат дека српската група Амадеус бенд сакала да го откаже настапот бидејќи озвучувањето не било добро.
-Во моментот кога требаше да настапи Амадеус бенд се случи вербален инцидент. Бендот се налути на тонецот, му се развикаи му се закани дека веќе нема да свири ако не го намести тоноткако треба, ама баш баш го искара, велат скопјани кои сега се таму.
Инаку на оваа манифестација треба да настапат повеќе познати музички имиња, меѓу кои ДНК, Бојана Скендеровски, а крајот на вечерта ќе заврши со настап на Хари Мата Хари.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.