18 Декември, 2025
0.3714

„КОНТИ“ СОГОЛЕ И МАКЕДОНСКИ ГРАЃАНИ ЗА ДЕСЕТИЦИ МИЛИОНИ ЕВРА: Администраторот се огради од одговорност, а нема ниту кривична пријава до МВР

Објавено во: Македонија 05 Октомври, 2024 14:44

Добивај вести на Viber

Падот на „Conti“ предизвика вознемиреност и кај македонските граѓани кои вложувале значителни суми со надеж за брза заработка, која сега останува под знак прашалник. Во услови на се поголемо незадоволство и обвинувања од страна на граѓаните, администраторот на „Телеграм“ групата преку објава се обиде да се огради од одговорност за нереализираните трансакции поврзани со „Конти“. Во својата порака, тој истакна дека секој член на групата бил свесен за ризикот и дека никој не бил принуден да вложува во шемата. Според неговите зборови, многумина успеале да заработат, но многумина и изгубиле, а реалноста е дека сите биле во иста позиција, вклучително и администраторите.

„Парите доаѓаат и си одат“, напиша администраторот, нагласувајќи дека и самиот не учествувал во купување на поголеми пакети како што тоа го направиле некои членови на групата. Според него, секој што вложувал бил свесен дека постои ризик еден ден ваквите трансакции да не се реализираат, и дека системот во државата е главната причина поради која луѓето се принудени да бараат алтернативни начини за заработка.

И покрај обидот да се дистанцира од одговорноста, дел од оштетените граѓани го обвинуваат токму администраторот за промоцијата на „Конти“, тврдејќи дека тој ги убедувал членовите дека можат да заработат брзо и лесно.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, изрази загриженост поради наводната финансиска измама поврзана со апликацијата „Конти“, која ги погоди македонските граѓани. Иако, според неговите зборови, до утринските часови не е поднесена кривична пријава, министерот предупреди на сериозноста на ситуацијата.

„Загрижен сум за повторувањето на ваквите пирамидални финансиски шеми кои се појавуваат во Македонија. Ова не е прв пат да се соочуваме со вакви апликации – во 2022 година имаше сличен случај и тогаш веќе беше упатен апел до граѓаните да бидат претпазливи,“ изјави Тошковски.

Тој ги повика сите граѓани кои можеби се жртви на оваа потенцијална измама да се обратат до Министерството за внатрешни работи, со цел да се истражи случајот и да се преземат соодветни мерки. Дополнително, ги советува граѓаните да се консултираат со експерти пред да вложуваат во вакви платформи.


Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија