19 Мај, 2024
0.3368

ФОКУС НА ДЕНОТ: Се бираат нови министри и заменици, паднаа тешки обвинувања меѓу власта и опозицијата

Објавено во: Македонија 30 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Во Собранието денеска се одржува седницата на која треба да се изберат двајца нови министри и тројца заменици министри по предлог на премиерот.

Нина Ангеловска е предложена за нов министер за финансии, а Хисен Џамаили за министер без ресор задолжен за подобрување на инвестициската клима.

За заменик министер за економија е предложен Кирил Колемишевски, за заменик министер за образование и наука Елизабета Наумовска, а Неџад Мехмедовиќ за заменик министер за политички систем и односи меѓу заедниците.

Пратениците на денешната седница треба да изберат и нов вицегувернер на Народната банка на Република Северна Македонија, за што е предложен Фадил Бајрами.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, на собраниска седница за гласање на новите министри, односно заменици-министри во Владата рече дека прочитал како предложената министерка за финансии Нина Ангеловска на своите вработени ИТ-инженери и веб дивелопери им дава официјална плата од 200 евра.

„Бараме одговор дали Нина Ангеловска исплаќа минимални плати у дали дополнителното го дава на рака. Дали е тоа за да не плаќа даноци. Ова што го прочитавме е страшно. Дали платите кои што се исплаќаат ИТ-инженери се минималец. Ако не е така, нека се демантира. Одговорете го ова,.јавноста има право да чуе“, гласеше настапот на Ѓорчев.

Премиерот Зоран Заев на ова со контра-реплика му одговори дека професиите кои што ги навел Ѓорчев во Македонија заработуваат повеже од 1.000 евра месечно.

Естрада во Влада жива циркузијада, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Стевананџија денеска во Собранието и праша зошто немало детали за посетата на „Кралот на марихуната“. 

„Со нов актер сега Дон марихуана, за оваа посета наместо да разбереме од Зоран Заев, Филипче, Апостолова, која не знае ниту една странска инвестиција, дознаваме од големиот Мајк. За жал во земјата на циркузот последиците по нацијата, јазикот идентитетот, економијата се катастрофални“ – вели Стевананџија.

Заев во контрарепликата до Стевананџија не ја спомена посетата на американскиот бизнисмен.

Aдвокатот Александар Тортевски за неделникот „Фокус“, открива дека кога бил советник во СЈО му било понудено поткуп.

Тортевски за тоа дали поткупот му бил понуден за некој предмет во СЈО, даде потврден одговор. 

„Да, и го пријавив тоа во СЈО. Сега ми е жал што ја немам потврдата, се трудам да ја добијам, но има проблем бидејќи сега нема кој да го одобри тоа, затоа што Катица е во притвор. Инаку, ми беа понудени огромни пари – педесет илјади евра“, вели Тортевски.

Овој случај го пријавил кај шефицата на специјалното јавно обвинителство Катица Јанева која моментално се наоѓа во притвор поради злоупотреба на службената должност и инволвирање во случајот „Рекет“.

СДСМ ужива најголема поддршка кај граѓаните. Ова е заклучокот на нарачаната анкета на владеачката партија спроведена Тим институт.

Резултатите од истражувањето покажуваат дека за владеачката коалиција би гласале 24,4 проценти, додека за ВМРО ДПМНЕ гласот би го дале 21,1 процент.

Можеби ќе ве интересира

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама