28 Февруари, 2021
0.0220

ФОКУС НА ДЕНОТ: Toни Трајковски конечно се појави на суд, Вархеји вети финансиска помош за Македонија

Објавено во: Македонија 15 Јануари, 2020

Тони Трајковски, поранешниот градоначалник на Гази Баба, конечно се појави на судење за случајот „ТНТ“ за насилното уривање на „Космос“ откако претходно во неколку наврати обвинетиот не беше присутен на неколку рочишта во низа, а во меѓувреме имаше препукување со закани помеѓу Кривичниот суд и неговиот адвокат, при што оставка си поднесе една поротничка.

Минатиот месец Трајковски не дојде на судењата откако прво пријави дека бил претепан од непознати и засега неоткриени лица, а потоа и дека се лекува од повредите во Клиничкиот центар. Не дојде ниту вчера, откако судскиот курир не го нашол дома за да му ја достави поканата, по што судијата Огнен Ставрев го предупреди дека за денеска ќе биде доведен со полиција доколку не се појави.

Тони Трајковски, поранешниот градоначалник на Гази Баба, пред медиумите побара да се одмори на клупата пред Кривичен суд каде денеска се одложи рочиштетот за случајот „ТНТ“ а тој е меѓу обвинетите за рушењето на „Космос“.

Ако дојдеме на власт ќе обелодениме кој му помогна на Груевски да избега. Ова ветување го дал опозицискиот лидер Христијан Мицкоски коментирајќи ја темава во емисијата „Економски магазин“ што ќе се емитува вечерва во 22:00 часот.

Како што пренесе Алсат, Мицкоски запрашан дали ќе го пречека со фанфари Никола Груевски на аеродромот ако неговата партија победи на избори и формира влада, одговорил дека ќе истражи и ќе обелодени кој му помогнал на Груевски да избега од државата

Влегуваме во еден важен период, во кој очекуваме важни исчекори, вели техничкиот премиер Оливер Спасовски на прес-конференција со еврокомесарот за соседска политика и проширување, Оливер Вархеји. 

Тој дојде во Владата на средба со техничкиот премиер Оливер Спасовски.

Спасовски се надева дека нашите заслуги ќе бидат наградени иако со одложување. 

Вели дека одлуката за пристапни преговори, треба да се донесе што е можно поскоро. 

„ЕУ отсекогаш била и останува наш чесен и искрен пријател на патот кон ЕУ“, рече Спасовски. 

Техничкиот премиер вели дека е потребно отворање на преговорите час поскоро. 

Спасовски ги информирал комесарот за работата на техничката Влада и за подготовките на фер избори. 

За Вархеји ова е прва посета на регионот, и на Македонија откако стапи на функцијата. 

„Мора да ги забрзаме процесите, да вметнеме една динамика“, вели тој. 

Порача дека Македонија мора да работи. Додаде дека мора да се почнат преговори на пролет

50 милиони евра од Европскиот парламент, ова е сумата која за нашата земја ја побарал еврокомесарот за соседска политика и проширување, Оливер Вархеји.

Пејачот Васил Гарванлиев ќе ја претставува Македонија на Евросонг во Ротердам, Холандија. 

Вака одлучи МРТ на интерен избор, што стана пракса изминативе неколку години. 

Допрва ќе се одлучува со која песна ќе настапи во Холандија.

Досегашниот вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев од вчера е запишан како нов управител на компанијата „Феро Инвест“ на местото на досегашниот раководител Ратко Ѓорѓиевски.

Десетици граѓани веќе се измамени од измамник кој лажно претставувајќи се дека е од ПИОМ им земале по околу 2.000 денари за наводно да им врати пари кои не им биле испплатени како пензии на нивни блиски кои веќе се починати

Не сите се задоволни со новиот данок на моторни возила, кој почна да се наплатува на стартот на годинава, наместо досегашната акциза. Увозниците на половни автомобили вчера излегоа на протест пред Царината, уплашени дека данокот ќе ги поскапи користените возила, а тие ќе останат без работа.

Лилјана Георгиевска, претседателка на УНИТ вели дека стечајците ги израдува веста дека над 1.000 од нив ќе добиваат месечен надомест до пензионирање.

Во два склада во Македонија нафтени деривати од пет до шест милиони литри не се променети повеќе од четири години, а Државниот завод за ревизија бара од Дирекцијата за нафтени резерви да ја пушти во промет бидејќи ги губи хемиско-физичките својства.

Дел од причините поради кои младите од Македонија и воопшто од Западен Балкан се иселуваат се лошите политички и општествени услови, а не само пониските плати и ограничените можности за финансиски успех

Трендот на намалување на каматните стапки трае веќе две години наназад, и ќе продолжи и натаму, вели за Фактор првиот човек на НЛБ банка, Антонио Аргир. Ова следува откако Народна банка одлучи да ја намали основната камата од 2,25 отсто на два проценти, со што таа е на историски најниско ниво досега.

Можеби ќе ве интересира

Kога ќе стигнат кинеските вакцини во земјава?

Kога ќе стигнат кинеските вакцини во земјава?

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почнува првата фаза од пописот, оние кои се во странство може да се самопопишат

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почнува првата фаза од пописот, оние кои се во странство може да се самопопишат

Георгиевски советува како да се реши македонско - бугарскиот спор

Георгиевски советува како да се реши македонско - бугарскиот спор

Заев повторно се бори за лидер на СДСМ, над 80.000 членови ќе можат да гласаат

Заев повторно се бори за лидер на СДСМ, над 80.000 членови ќе можат да гласаат

Куќен притвор за малолетникот кој со автомобил го удри Јота

Куќен притвор за малолетникот кој со автомобил го удри Јота

Се бара притвор за двајца демонстранти

Се бара притвор за двајца демонстранти

Најмладиот починат од коронавирус е 43 годишен пациент од Делчево

Најмладиот починат од коронавирус е 43 годишен пациент од Делчево

Денес се регистрирани 721 заразен и 7 починати

Денес се регистрирани 721 заразен и 7 починати

Во неколку градови порасна бројот на хоспитализирани поради коронавирусот

Во неколку градови порасна бројот на хоспитализирани поради коронавирусот