07 Октомври, 2024
0.1087

ФОКУС НА ДЕНОТ: Второ писмо на Јанева од Шутка, Кирацоски тврди не го знаел Боки 13

Објавено во: Македонија 05 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Со ново писмо од затворот Шутка каде е во притвор, специјалната јавна обвинителка од СЈО, Катица Јанева си поднела оставка, објави Сител

Таа со новото писмо го информирала Советот на јавни обвинители дека ја активира условната оставка која ја поднесе на 15 јули. 

Во јули, на денот на апсењето на Бојан Јовановски, Јанева поднесе усмена оставка. 

Собранието сепак ќе мора да гласа за нејзиното разрешување поради процедурата пропишана во согласност со законот. 

Сите 13 пратеници од собраниската Комисија за именување денеска гласаа за разрешување на специјалната обвинителка Катица Јанева за време на седницата која ја водеше Илија Димовски. Одлуката е донесена без дискусија. Јанева се разрешува поради несовесно и нестручно раководење со СЈО. Седницата беше затворена за јавноста поради класифицираните податоци и важните информации кои ги содржеше извештајот. Предлогот сега ќе биде доставен до претседателот на Собранието, Талат Џафери,  а истиот треба да се стави на дневен ред на пленарна седница.

Александар Кирацовски, пратеникот на СДСМ, го даде својот исказ повикан како сведок во Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал а откако беше кај обвинителката Вилма Рускоска за медиумите изјави дека бил повикан заради еден мал детал од истрагата за случајот „Рекет“.

„Немам никаква поврзаност со случајот. Повикан сум за еден мал сегмент. Ние сме чесни луѓе и сметам дека со мојот исказ помогнав истрагата за Рекет да добие правилен тек“, рече Кирацовски.

Ги демантираше наодите дека ургирал кај градоначалничката на Битола за соработка со Меѓународниот сојуз околу домот за стари лица.

Бранко Героски, уредникот на „Плусинфо“ потврди дека тој и пратеникот на СДСМ, Александар Кирацовски, имале средба, но и дека поранешниот генерален секретар, како што вели тој, му признал дека посредувал во организирањето на состанокот помеѓу осомничениот во „Рекет“ Бојан Јованоски, бизнисменот Силјан Мицевски и битолската градоначалничка Наташа Петровска

„Точна е дека со Александар Кирацовски се сретнавме во почетокот на август годинава и точно е дека во таа прилика му реков дека веројатно сум направил фаул кон него во моите написи за аферата "Рекет". Во една колумна подоцна објаснив дека улогата на Кирацовски во аферата се состои во активности кои овозможиле рекетарската група да ги лови своите жртви или потенцијални соработници. И тоа Кирацовски го правел во својство на генерален секретар на СДСМ. Што, пак, не мора да значи дека и самиот учествувал во рекетирањето.

Сите 13 пратеници од собраниската Комисија за именување гласаа за разрешување на специјалната обвинителка Катица Јанева за време на седницата која ја водеше Илија Димовски и траеше кратко зад затворени врати, прифаќајки го извештајот на Советот за јавни обвинители.

Можеби ќе ве интересира

„ЗАИГРА“ ПАЈАКОТ ВО ЦЕНТАР: Дури 148 возила беа кренати заради непрописно паркирање

„ЗАИГРА“ ПАЈАКОТ ВО ЦЕНТАР: Дури 148 возила беа кренати заради непрописно паркирање

„ВТОР ТРАГИЧЕН СЛУЧАЈ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА“: СДСМ бара анализа за утврдување на одговорноста за бебето кое почина на Детската клиника

„ВТОР ТРАГИЧЕН СЛУЧАЈ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА“: СДСМ бара анализа за утврдување на одговорноста за бебето кое почина на Детската клиника

И ВО ГОСТИВАР ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ: Тетово се снабдува со намалено количество вода

И ВО ГОСТИВАР ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ: Тетово се снабдува со намалено количество вода

TAКСИСТИ ШТО МАМАТ, КУЧИЊА СКИТНИЦИ, НЕМАЊЕ ИНФОРМАЦИИ OНЛАЈН ЗА ПРЕВОЗOT: Tуристите велат дека ова ги одвраќа од подолг престој

TAКСИСТИ ШТО МАМАТ, КУЧИЊА СКИТНИЦИ, НЕМАЊЕ ИНФОРМАЦИИ OНЛАЈН ЗА ПРЕВОЗOT: Tуристите велат дека ова ги одвраќа од подолг престој

ЕВЕ ШТО ВЕЛИ ДИМИТРОВ: „Има за што да се преговара со Бугарија“

ЕВЕ ШТО ВЕЛИ ДИМИТРОВ: „Има за што да се преговара со Бугарија“

МИЦКОСКИ НАБРОЈА СО КОИ ЗЕМЈИ МАКЕДОНИЈА ЧЕКАЛА НА РЕД ЗА ПОЧЕТОК НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Станува збор за шест земји зад кои остана Македонија

МИЦКОСКИ НАБРОЈА СО КОИ ЗЕМЈИ МАКЕДОНИЈА ЧЕКАЛА НА РЕД ЗА ПОЧЕТОК НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Станува збор за шест земји зад кои остана Македонија

НОВАТА ВЛАДА ПОВЕЌЕ МУ СЕ ДОПАЃА НА КУРТИ: Еве што кажа косовскиот премиер

НОВАТА ВЛАДА ПОВЕЌЕ МУ СЕ ДОПАЃА НА КУРТИ: Еве што кажа косовскиот премиер

ПРЕТСТОИ „ЖЕШКА НЕДЕЛА“: Мини лето од денес во земјава

ПРЕТСТОИ „ЖЕШКА НЕДЕЛА“: Мини лето од денес во земјава

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме