29 Април, 2024
0.0287

ФОНДОТ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ ДЕПОЗИТИ ЛАНИ НЕ ЗЕЛ НИ ДЕНАР ОД СТЕЧАЈНАТА МАСА НА ЕУРОСТАНДАРД - дали и колку ќе наплати годинава од исплатените 62 милиони евра

Објавено во: Финансии 27 Јули, 2022

Добивај вести на Viber

Фондот за осигурување на депозити до завршувањето на минатата година не наплатил ни денар од стечајната маса од пропаднатата Еуростандард банка. Ова стои во годишниот извештај за работењето на Фондот што обештетува штедачи за минатата година, а дали и колку средства се наплатени од стечајната маса во текот на оваа година, веројатно Фондот ќе соопшти во некој друг извештај.

Инаку, Фондот се до лани имаше предимство при наплатата на побарувањата од стечајната маса од било која банка, односно сите пари што им ги исплатил на оштетените штедачи до 30 илјади евра, беше прв што си ги наплатуваше тие средства од собраните пари преку стечајот.

Така требаше да биде и со Еуростандард, но штедачите се побунија и доставија иницијатива до Уставниот суд, а тој направи пресвртница во оваа практика, укинувајќи го членот 163 став 3 од Законот за банки, кој токму го предвидуваше тоа првенство на Фондот.

Со тоа, Фондот остана доверител во стечајната маса на пропаднатата Еуростандард банка, но не од прв степен, туку со сите останати доверители. Тоа, пак, како што веќе пишуваше Фактор, придонесе во стечајната маса да останат доволно пари за намирување на сите штедачи, односно и на оние кои имаат над 30 илјади евра, но и да почне обештетувањето на правните лица односно фирмите чии средства останаа заглавени во банката, кога на неа беше ставен клуч со ликвидацијата.

Нашите извори тогаш изјавија дека наплатата на пари во стечајната маса одела добро, па покрај тоа што биле целосно подмирени сите штедачи, без разлика на големината на влогот, и кои добиле третман на доверители од прв степен, па порадi тоа ќе има доволно пари за подмирување и на фирмите, и на Фондот за осигурување на депозити.

Инаку, од Фондот во извештајот го објаснуваат овој проблем.

„На 25.05.2021 година, Уставниот суд донесе Одлука со која се укина член 163 став 3 од Законот за банките. Со оваа Одлука на Уставниот суд, Фондот за осигурување на депозити го загуби правото на приоритетна наплата на своето побарување од стечајната маса на банката или штедилницата за која е отворена стечајна или ликвидациона постапка. Во продолжение на овој процес, на 7 јули 2021 година, Уставниот суд донесе Решение за отфрлање на иницијативата за оценка на уставноста на член 163 став 3 од Законот за банки, бидејќи по истата веќе било постапено, како и Решение да не се поведе постапка за оценка на уставноста и законитоста на членот 17 од Статутот на ФОД и Одлуки за измени и дополнувања на Статутот на ФОД. Со ова Решение на Уставниот суд, на Фондот за осигурување на депозити не може да му се негира својство на доверител, туку неспорно е дека Фондот е во својство еднакво со другите доверители во стечајната или ликвидационата постапка на банка или штедилница“, се вели во Извештајот на ФОД за работењето во 2021 година.

И, како што се дополнува, „до 31.12.2021 година, Фондот за осигурување на депозити не оствари никаква наплата на своето побарување кон Еуростандард банка во стечај“, се вели во Извештајот.

Инаку, Фондот досега на штедачите на Еуростандард банка им исплатил 3,76 милијарди евра или 61,2 милиони евра, како што стои во табелата од Фондот. 

Како што пишуваат од ФОД во овој најнов документ, во текот на 2021 година продолжи исплатата на обесштетување на депонентите од Еуростандард банка во стечај, преку четирите банки исплатувачи.

„Анализата на исплатени износи на обесштетување согласно висината на депозитите покажува дека најголем процент од 98,12 отсто на исплатени депозити припаѓаат на депозити во износ од 1.200.001-1.850.889 денари (20.000 до 30.000 евра), т.е. до максималниот праг на обесштетување, 94,68 отсто на депозити во износ од 600.001-1.200.000 (10.000 до 20.000 евра), 89,57 отсто на депозити во износ од 300.001-600.000 денари (5.000 до 10.000 евра), 81,25 отсто на депозити во износ од 100.001-300.000 денари (1.500 до 5.000 евра), и така натаму. Колку се помали износите на депозитите, толку се намалува процентот на исплатени депозити во соодветната категорија. Најмала исплата има во категориите до 20.000 денари.. Како и претходно, искуството покажува дека депонентите не се заинтересирани да го остварат своето право на обесштетување доколку се работи за неатрактивни износи на исплата на обесштетување“, се вели во годишниот извештај на Фондот.

Покрај исплатата преку банките исплатувачи, Фондот работи и на исплата на наследници на починати депоненти. Исто така, се врши поврат на средства на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Министерството за труд и социјална политика, а кој поврат се однесува на починати лица кои не биле навремено одјавени во нивните системи и бесправно им биле уплаќани средства на нивните трансакциски сметки во Еуростандард банка во стечај. Во текот на 2021 година се обработени повеќе од 250 случаи на исплата преку Фондот.

Инаку, од формирањето на Фондот во јануари 1997 година, до крајот на минатата година, како што известуваат од Фондот, се случиле вкупно 12 ризични настани.

За овие пропаднати банки и штедилници, Фондот вкупно исплатил над 83 милиони евра.

„Вкупната пресметана обврска за обесштетување од дванаесетте поранешни членки на Фондот изнесува 5,7 милијарди денари. Од 1997 година до 31.12.2021 година се обесштетени вкупно 32.504 депоненти во вкупен износ од 5,13 милијарди денари ( 83,41 милиони евра – н.з,), што претставува 90,08 отсто исплатени обврски од ФОД за обесштетување кон депонентите. Останатите 9,92 отсто претставуваат обврска за обесштетување во вкупен износ од 0,6 милијарди денари“, се вели во Извештајот на Фондот.

Инаку, од ФОД во својот извештај пишуваат дека наплатата на премиите во 2021 година се одвиваше според редовните процедури, по утврдена стапка од 0,25 отсто на годишно ниво.

За оваа стапка има големи реакции од штедачите дека е ниска, како и дека е мал износот од 30 илјади евра за обесштетување во случај да пропадне некоја банка.

Вкупните средства кои Фондот ги наплатил во 2021 година по основ на премија изнесуваат 754,7 милиони денари или 12,3 милиони евра.

Од Фондот во извештајот признаваат дека стапката на покриеност на депозитите на население (вкупни парични средства на Фондот во однос на вкупни депозити на население) во декември, 2021 година изнесувала 4,8 отсто, што е над законскиот минимум од 4 проценти, но сепак, таа лани цела година се намалувала, а причина за тоа е исплатата на обесштетувањето кон штедачите од Еуростандард банка.

„Во текот на 2021 година стапката на покриеност е највисока во јануари 2021 година со 4,95 отсто, а најниска во декември 2021 со 4,80 отсто Трендот на намалување на стапката на покриеност кој започна во 2020 година продолжи и во 2021 година поради намалување на вкупните парични средства на Фондот, кои беа потребни за исплата на обесштетувањето на депонентите од Еуростандард банка во стечај“, се вели во известувањето.

Инаку, на крајот на минатата година вкупната состојба на инвестициското портфолио изнесувала 14.730 милиони денари сегашна вредност, што одговара на 240 милиони евра.

Всушност, толку се парите од Фондот кои се досега се собрани од премии и кои би се користеле за обесштетување доколку дојде до ризичен настан. 

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?