ФОНТАНИТЕ ВО СКОПЈЕ СУВИ: За туристите неубава слика
Објавено во: Македонија 22 Мај, 2019
Главниот град во
овој период од годината е полн со туристи. Странците најчесто го шетаат централното
градско подрачје во Скопје.
Доколку минувате низ центарот на градот ќе
забележите како туристите најмногу се фотографираат на фонтаните, на Воинот
на коњ, но и од другата страна на Вардар кај црквата Св. Димитриј. Фонтаните го красат Скопје, но не
можете да ја доловите целосната убава слика доколку во нив нема вода.
Исто така и најголемата забава за најмалите, фонтаната на центарот на градот сеуште е затворена со железни блокови. Таа беше покриена заради посетата на папата во земјава.
Обично градот ги пушта фонтаните во употреба околу 1 Април. Годинава според директорот на „Водовод“ се одложило поради временските неприлики, односно најавуваните дождови.
Според него до крајот на оваа недела фонтаните во градот Скопје би требало да се пуштат во употреба.