16 Јануари, 2025
0.0318

„Форбс”ги откри најбогатите бизнисмени во Македонија

Објавено во: Економија 30 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

Најбогатиот бизнисмен во Македонија е Минчо Јорданов. Сопственикот на „Макстил”, „Бетон”, „Факом” и на повеќе други фирми, се најде на последната листа на „Форбс” за најбогатите луѓе во регионот. Минчо Јорданов, според процените на магазинот, кој во составувањето на своите листи ги анализира вредноста на акциите што котираат на Берза, тежи 27 милиони евра. Во „Макстил”, директно или преку други компании, Јорданов контролира акции вредни 18,7 милиони евра. Во „Факом” неговите акции вредат 6 милиони евра, а во градежната компанија „Бетон”, има удел со вредност од 2,4 милиони евра. Во 2012 година фирмите на Јорданов имале 50 милиони евра приходи, а 730.000 евра чист профит. Тој е сопственик и на винарската визба „Стоби” во која досега има вложено над 20 милиони евра, на приватната клиника „Ремедика” и на македонскиот шампион во ракомет, клубот „Металург”, објави Утрински весник. По него на листата се Штерјо Наков, сопственик на „Фершпед”, Андреја Јосифовски, претседател на Управниот одбор на „Макпетрол”, Свето Јаневски, прв човек на „М6″, и Живко Мукаетов, директор на најголемата фармацевтска компанија „Алкалоид”, Најбогатиот бизнисмен во нашата земја, Штерјо Наков, сопственикот на шпедитерската компанија „Фершпед”, хотелот „Александар палас”, винарницата „Сковин” и други фирми, е вториот на листата најбогати македонски бизнисмени. „Форбс” за него вели дека е тајкун во сенка, кој пред неколку години бизнисите им ги предал на синовите. Има удели во „Ферршпед” кои вредат околу 3 милиони евра, а преку оваа фирма контролира акции во други компании, вредни 10 милиони евра. Наков има удел и во фабриката „Европа”, кој се проценува на 2,3 милиони евра. Неговите фирми во 2012 година имале приходи од 76 милиони евра, за разлика од 2011 година кога приходите им биле повисоки за 6 милиони евра. Сепак, и покрај намалениот бизнис, фирмите на Наков имале поголем профит лани отколку во 2011 година. Претседателот на Управниот одбор на „Макпетрол”, Андреја Јосифовски, преку фирмата-ќерка, „Оилко”, ги контролира најголемиот дел од акциите во компанијата. На Берза тие вредат 5,4 милиони евра. Фирмата лани имала приходи во висина од 399 милиони евра, пет милиони евра помалку од 2011 година. Јосифовски, наведува „Форбс”, е еден од ретките бизнисмени во Македонија кој не ја крие платата, која изнесува 140.000 евра годишно. Свето Јаневски долги години беше директор на Пиварницата во Скопје, а неговата компанија „М6″ во 2011 година им ги продаде акциите на „Кока-Кола Хеленик” и „Хајнекен” за 34 милиони евра. Јаневски е и сопственик на винарницата „Тиквеш”, каде што поседува акции вредни 6,9 милиони евра. Годишно во „Тиквеш” се преработуваат околу 55 милиони килограми грозје и се произведуваат околу 35 милиони литри вино. Голем дел од асортиманот на винарницата е наменет за извоз, а најмногу се продава во земјите од регионот. „М6″ има акции и во „Охрид турист” со вредност од милион евра. Петтиот меѓу најбогатите Македонци и најмладиот на оваа листа на милионери е Живко Мукаетов, сопственик на „Алкалоид”. Тој во компанијата поседува акции со вредност од 7,3 милиони евра, а неговата сестра Билјана има акции од 5,1 милиони евра. „Алкалоид” во последните години е меѓу најуспешните компании во Македонија, која има 13 претставништва надвор од земјата и 1.250 вработени. Приходите во 2012 година биле 110 милиони евра, компанијата секоја година бележи раст, а нејзините акции се едни од најатрактивните на Македонска берза, стои во написот на Утрински весник.

Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДНА ЗЕМЈА САКА ДА ВЛЕЗЕ ВО БРИКС: Земја сојузник на Путин

УШТЕ ЕДНА ЗЕМЈА САКА ДА ВЛЕЗЕ ВО БРИКС: Земја сојузник на Путин

„ДИЗЕЛАШИТЕ“ ИТНО НА БЕНЗИНСКА, ОД УТРЕ ЌЕ ПЛАЌААТ ПОВЕЌЕ ЗА ДВА ДЕНАРИ - нови цени на горивата од Регулаторна

„ДИЗЕЛАШИТЕ“ ИТНО НА БЕНЗИНСКА, ОД УТРЕ ЌЕ ПЛАЌААТ ПОВЕЌЕ ЗА ДВА ДЕНАРИ - нови цени на горивата од Регулаторна

ЛИДЛ Е „НАЈДОБАР ВРАБОТУВАЧ“: „Вработените се во центарот на нашиот бизнис“ во Србија

ЛИДЛ Е „НАЈДОБАР ВРАБОТУВАЧ“: „Вработените се во центарот на нашиот бизнис“ во Србија

ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА ВО РЕЦЕСИЈА - економските перформанси на земјата опаѓаат втора година по ред

ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА ВО РЕЦЕСИЈА - економските перформанси на земјата опаѓаат втора година по ред

М-Р АРИЈАНА КОСКАРОВА ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО ПОТРЕБНИ СЕ ИСКУСТВО ЗА РАЗВОЈ НА БИЗНИСОТ, ЕДУКАЦИЈА И ИНВЕСТИЦИЈА“

М-Р АРИЈАНА КОСКАРОВА ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО ПОТРЕБНИ СЕ ИСКУСТВО ЗА РАЗВОЈ НА БИЗНИСОТ, ЕДУКАЦИЈА И ИНВЕСТИЦИЈА“

ЌЕ СЕ БИЕ ТЕШКА БИТКА ЗА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - ова се имињата предложени од М.Г. Фешн и „Промедика“, а свои луѓе бара и „Скопски пазар“

ЌЕ СЕ БИЕ ТЕШКА БИТКА ЗА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - ова се имињата предложени од М.Г. Фешн и „Промедика“, а свои луѓе бара и „Скопски пазар“

„ГОРДОСТА“ НА ГЕРМАНИЈА НА ПРОДАЖБА: Кинезите сакаат да ги купат фабриките на Фолксваген кои компанијата ги затвора

„ГОРДОСТА“ НА ГЕРМАНИЈА НА ПРОДАЖБА: Кинезите сакаат да ги купат фабриките на Фолксваген кои компанијата ги затвора

Скопска топилница по 13 години повторно почнува со работа? Ќар ќе имаат само локални и регионални бизнис играчи

Скопска топилница по 13 години повторно почнува со работа? Ќар ќе имаат само локални и регионални бизнис играчи

АРХИТЕКТОНСКО ЧУДО КОЕ ГО ИМПРЕСИОНИРА СВЕТОТ ВЕЌЕ 24 ГОДИНИ: Мост кој се претвора во подводен тунел и излегува во друга земја

АРХИТЕКТОНСКО ЧУДО КОЕ ГО ИМПРЕСИОНИРА СВЕТОТ ВЕЌЕ 24 ГОДИНИ: Мост кој се претвора во подводен тунел и излегува во друга земја