„Форбс“ ги рангираше 200-те најбогати Руси
Објавено во: Економија 17 Април, 2015
Генералниот директор на „Норникел“ и претседател на компанијата „Интеррос“, Владимир Потанин за прв пат ја предводи листата на 200-те најбогати руски бизнисмени на списанието „Форбс“.
Состојбата на Потанин е проценета на 15,4 милијарди долари. За една година неговото богатство, кое во претходниот рејтинг на „Форбс“ беше на осмото место, се зголемило за 2,8 милијарди долари.
На второ место во рангирањето е сопственикот на „Алфа-груп“ Михаил Фридман.
Во првите десет влегуваат исто така косопственикoт на конгломератот„Renova Group“ Виктор Векселберг (14,2 милијарди долари),
Претседателот на „Северстал“, Алексеј Мордашов (13 милијарди.), Претседателот на „Лукоил“ Вагит Алекперов (12,2 милијарди.), Претседателот на „Новатек“ Леонид Михелсон (11,7 милијарди.), Главниот акционер во „НЛМК“ Владимир Лисин (11,6 милијарди.), Сопстнвеникот на „Volga Group“ Генадиј Тимченко (10,7 милијарди.), Сопстнвеникот на „Онексим“, Михаил Прохоров (9,9 милијарди.).
Познатиот бизнисмен Роман Абрамович го зазема 12 место во рангирањето со богатство од 9,1 милијарди долари.
Општата состојба на 200-те најбогати претприемачи во Русија за 2015 година се намалила за 408 милијарди долари од 481 милијарди долари за минатата година. Бројот на милијардерите се скрати од 111 на 88 лица.
Во рангирањето за 2015 има 11 нови лица, меѓу кои и една жена - Олга Белавцева. Таа е косопственик на фабрика „Прогрес“, производител на детска храна.