Добивај вести на Viber
Ќе се бришат чкртаниците на автобуските постојки нис Скопје. ЈСП за таа цел формирало посебна екипа, која ќе патролира и ќе гледа каде има чкртаници за да се избришат, пишува Вест.
Според директорот Мишо Николов, постојките мора да се чистат оти поради чкртаниците веќе личат да се како стари.
„Мора да го правиме ова, бидејќи имаме проблем со постојано пишување нови графити. Ако не почнеме да ги бришеме, нема да остане ниту малку празно место на стаклото на постојките", рече Николов за кого сега треба да се направи распоред на работа за да може да се чисти по ред и сите постојки навремено да бидат завршени.