Добивај вести на Viber
Развивачкиот форум на Интел
ги спојува световите на мобилни, дигитални претпријатија, дигитални домови, технологија и истражување. Се одржа на 10-ти и 11-ти април во Кинескиот конгресен центар. Самиот настан е насочен кон пазарот во Кина за поддршка на локалната инвентивност и врвниот успех на Интел во тој регион.
За време на овогодинешниот форум кој се одвиваше оваа недела, извршните лица на корпорацијата Интел најавија нови технологии и партнерства кои имаат за цел да го променат начинот на кои луѓето ја користат технологијата односно од уреди да се пренасочат кон „клауд“ системи. Објавени се детали за новите производи за центри за податоци кои се базираат на 22-нанометарската технологија и новата „rack scale“ архитектура, како и за новата четврта генерација на Интел кор процесори.
Интел има за цел оваа година да испорача уште два производи базирани на Интел Атом процесорот кои ветуваат дека ќе испорачаат нови архитектури, подобар перформанс по ват и збогатен сет карактеристики. За прв пат се прикажа наредната генерација Интел Атом процесори за микросервери, позната под името „Avoton“ и ја потврди дека во моментот испорачува до потрошувачите примероци за проценка. Авотон ќе содржи интегриран Етернет управувач и се очекува да обезбеди неспоредлива енергетска ефикасност и перформанс по ват за микросервери и скалирање на податоци.
Интел планира да развие референтен дизајн за архитектура која користи технологии на Интел оптимизирани за распределба како цел „rack“. Хипер-центрите за податоци на компании кои одржуваат илјадници сервери и складираат огромни количества податоци имаат потрба од константен напредок во дизајнот што ќе овозможи помала потрошувачка за справување со зголемен број корисници, податоци и уреди. Конвенционалните „rack“ системи се дизајнирани да се справуваат со најразлични апликации и не секогаш ја постигнуваат најголемата ефикасност кога станува збор за хиперупотреба. Референтниот дизајн ќе помогне при редизајнирањето на „rack“ решението кое е модуларно на ниво на подсистеми (складирање, CPU, меморија, мрежа) истовремено овозможувајќи освежување или логично распределување ресурси во зависност од потребите на апликациите. Придобивките се зголемена флексибилност, поголема густина и поголема искористеност што доведува до пониска цена за сопственост.
Следната дестинација на форумот е тридневен настан во Сан Франциско, кој ќе се одржи од 10-12-ти септември во „Moscone Center West“.