25 Април, 2024
0.0280

ФОТО: 10-те најмирни острови во светот.. со забрана за автомобили!

Објавено во: Стил 29 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Би можеле ли да заминете на одмор на некој мирен остров без автомобили!? Во моментов во светот се движат над 500 милиони автомобили и да се најде место каде што ги нема е навистина тешко. Сепак не и невозможно.Ви претставуваме 10 такви острови. На списокот нема вклучено острови со големо присуство на туристи и ненаселени острови, туку само такви каде што има локално население и инфраструктура. Еве ја листата; 10. Литл Корн Ајланд Тоа е помалиот од двата острови Корн Ајландс кои се наоѓаат на околу 70 километри источно од Никарагва. Тој бил колонизиран прво од Британците и повеќе личи на другите британски остров отколку на место што припаѓа на Никарагва. Тука нема автопати и автомобили и единствениот начин да се движите е пеш. Околу него има корални гребени кои се популарна дестинација за нуркање. 9. Ротнест Ајланд Се наоѓа на брегот на Западна Австралија, во близина на Перт. Локалните жители се Абориџини. Пред многу години бил дел од континентот, но со зголемувањето на нивото на океанот, местото станало остров. Во 17-ти век, кога Холанѓаните дошле до островот, тој бил ненаселен. Денес е популарна туристичка дестинација со плажи долги над 11-километри. Има неколку локални автобуси, но автомобили не се дозволени. 8. Каваду Ова е четвртиот најголем остров на Фиџи со околу 10 000 жители. Тука може да видите џунгли, водопади, корални гребени. Природата е дом на ретки видови птици, вклучувајќи го и папагалот Кадаву. На целиот остров има само неколку улици. Основното средство за транспорт се чамци и бродови. 7. Хидра Ова е едно од најпопуларните места кои може да ги посетите во близина на Атина. Пристаништето е многу убаво со своите бели куќички и поглед на ридовите и синото море. Покрај пеш, овде може да се движите со помош на магариња и чамци. 6. Ламу Островот е дел од архипелагот Ламу и една од најпознатите туристички дестинации во Кенија (освен прошетка низ заштитени подрачја). Стариот град е еден од најстарите и задржани свахили населби. На островот нема патишта, само патчиња. Кенијците се движат главно пеш, а за товар користат чамци или магариња. 5. Кае Колкар Тоа е мал корален остров во Карипското Море, до кој може да се дојде само со водено такси или авион.Во последниве години ова е едно од најпопуларните места за туристи со низок буџет. Главното средство за превоз е одење пеш! Од едниот до другиот крај на островот се стигнува за 20 минути. Дозволени се велосипеди и колички за голф. 4. Перхентиан Перхетиан е  група на острови, во близина на границата со Тајланд. Тие се познати по чистите плажи и извонредно бистрата вода. 3. Ла Диг Ова е еден од помалите острови на Сејшелите. Има население од 2000 лица. Повеќето од нив живеат на островот Ла Пас. Велосипедот е најчесто средство за транспорт. 2. Острови Џили Ова е архипелаг со три главни острови. Тие нудат релаксирана атмосфера со повеќе тивки кафулиња на плажите, во кои сеуште се слуша реге. Нема автомобили и мотори, само велосипеди. Островите се само неколку километри во дијаметар, па  може слободно да се озодат од едниот до другиот крај. 1. Ко Пи Пи Дон Тоа е најголемиот остров од архипелагот во јужен Тајланд.Насекаде се оди пеш. Единствено постојат чамци за изнајмување за до некои плажи, до кои не може да се стигне пеш. Помалиот остров до него е популарно место за нуркање.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти