06 Октомври, 2024
0.0240

ФОТО: 100 VIP гости го дочекаа новиот Mercedes S-Class во Македонија!

Објавено во: Мои пари 27 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Најсовршениот автомобил како што уште го нарекуваат во светските медиуми, новата Mercedes S-Class, по прикажувањето на саемот во Франкфурт пред 10-тина дена, пристигна и во Македонија. Новата Mercedes-Benz S-Class беше главната ѕвезда на вечерта и повод синоќа да собере точно 100 VIP гости од цела Македонија во просториите на Мак Аутостар. За оваа прилика, салонот на Mercedes-Benz Мак Аутостар беше целосно изменет, со цел да добие лик на луксузен клуб. Специјален гостин на вечерта кој воедно и ги забавуваше гостите беше Масимо Савиќ. Гостите уживаа во познатите хитови на хрватската ѕвезда, како дел од целовечерната програма, која инаку беше водена од страна на познатиот актер Висар Вишка, а сето тоа беше дополнето со специјално Mercedes дизајнираната храна. „Остварена визија, тоа е главниот слоган за новата S-Class, кој самиот за себе зборува многу. Пред точно 110 години, почнувајќи од 1903 година, Mercedes создава најлуксузни автомобили во светот. Тоа е модел кој означува супер луксуз и досега бил дел од животот на многумина претседатели, кралеви, шеици, славни личности и успешни бизнисмени. Сега го имаме најновиот модел во Македонија.“, изјави директорот на продажба на Mercedes-Benz патнички возила, Марко Јовановски. Зошто овој автомобил го прави да биде посебен. Во досегашната историја на S-Class, бил носител на најновите иновации во светот на автомобилите. Новата S-Class e вистински урнек за модерно луксузно возило. Тоа претставува ексклузивна прва класа на мобилна канцеларија, но и место за уживање. Седиштата поседуваат посебна функција на масажа, заснована на принципот како со вжештени камења, персонализирано осветлување и ароматизирана кабина, потоа активна вентилација на седиштата, индивидуално прилагодување на музичкиот систем во возилото, прво возило во светот кое користи целосно LED технологија, како надвор, така и внатре во возилото. На иновациите во ова возило им нема крај, но особено е важно да се напомене и дека ова е прво возило кое може да ги скенира сите нерамнини на патот со помош на стерео камера и според тоа да се прилагоди амортизација на возилото за да се мине патот со исклучителна удобност, опција која се нарекува Magic body control. Исто така, новата S-Class e најаеродинамично возило во својата класа, но и меѓу сите останати автомобили воопшто со неверојатно низок коефициент на отпор на воздух, кој изнесува само Cd=0,23, што значи ниска потрошувачка на гориво и емисија на штетни материи, но и ниска бучава од струењето на воздухот. Моделот ќе се произведува во 4 различни типови: како седанска долга и скратена верзија, потоа како купе, но и како кабрио.

Можеби ќе ве интересира

Нов елитен станбено деловен комплекс Порта Скопје by Adora – Општина Центар

Нов елитен станбено деловен комплекс Порта Скопје by Adora – Општина Центар

Групација Триглав повторно доби висок кредитен рејтинг „А“ Во 2024 година, AM Best очекува успешно работење на Групација Триглав согласно последните години

Групација Триглав повторно доби висок кредитен рејтинг „А“ Во 2024 година, AM Best очекува успешно работење на Групација Триглав согласно последните години

Продавниците на Телеком нема да работат во текот на претстојниот викенд, на 5 и 6 октомври

Продавниците на Телеком нема да работат во текот на претстојниот викенд, на 5 и 6 октомври

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ – РЕГИОНАЛЕН ВОДЕЧКИ ЦЕНТАР ЗА ИНТЕРВЕНТНА РАДИОЛОГИЈА

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ – РЕГИОНАЛЕН ВОДЕЧКИ ЦЕНТАР ЗА ИНТЕРВЕНТНА РАДИОЛОГИЈА

Првата работилница за родители од проектот „Крени глас“ на „Макпетрол“ утре ќе се одржи во „Песталоци“

Првата работилница за родители од проектот „Крени глас“ на „Макпетрол“ утре ќе се одржи во „Песталоци“

ТАВ АЕРОДРОМИ: АВИОНСКОТО КАРГО НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ СО ПОРАСТ ОД НАД 40 ОТСТО ОД ЈАНУАРИ ДО АВГУСТ

ТАВ АЕРОДРОМИ: АВИОНСКОТО КАРГО НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ СО ПОРАСТ ОД НАД 40 ОТСТО ОД ЈАНУАРИ ДО АВГУСТ

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: БЛАГОЈЧО КОЛАРСКИ Е ВЛТ МИЛИОНЕР, ОСВОИ 1.799.026 ДЕНАРИ

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: БЛАГОЈЧО КОЛАРСКИ Е ВЛТ МИЛИОНЕР, ОСВОИ 1.799.026 ДЕНАРИ

Fashion Group fall/winter ‘24: Натпросечно со стил со Тино и Атанас!

Fashion Group fall/winter ‘24: Натпросечно со стил со Тино и Атанас!

„Лесја Украинка“: Егзекуцијата на 16 воени заробеници и прашањата за почитување на меѓународните норми

„Лесја Украинка“: Егзекуцијата на 16 воени заробеници и прашањата за почитување на меѓународните норми