09 Октомври, 2024
0.7915

(ФОТО) Ако летувате на Халкидики: Ова лето мора да ги посетите овие плажи

Објавено во: Стил 03 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Халкидики со години е посакувана дестинација и место во Грција кое е најпосетено од македонските туристи.

Туристичките понуди изобилуваат со понуди, па  ако и оваа сезона решивте да уживате на полуостровот ние ви препорачуваме да ги посетите плажите кои се наоѓаат во познати летувалишта.


Сарти

На источниот брег на полуостровот Ситонија, со поглед на Света гора, е сместено сликовитото рибарско место Сарти. Во последните 10 години го откриле туристи и допринеле местото да се развие, да добие бројни таверни, продавници, хотели и апартмански куќи.

Местото е сместено на 3 км долга песочна плажа, а која се наоѓаат повеќето таверни. Близината на шумските брда и изолирани заливи, како и Солун и познати манастири, нудат можност за бројни излети.

Уранополис

На северот од Атос, третиот прст на Халкидики, во фоајето на единствената монашка држава на светот се наоѓа неоткриен рај за туристите кои сакаат мирен и безгрижен одмор. Небесниот град-Уранополис и селото Трипити нудат неограничени можности за уживање на совршени плажи и во идиличен амбиент.


Таму може да најдете аранжман за 46 евра дневно во хотел со 4*, услуга на база полупансион, сопствен превоз

Неос Мармарас

Неос Мармарас е најпосетено летувалиште на полуостровот Ситонија. Го карактеризира кристално чисто море и две долги песочни плажи зад кои се наоѓа борова шума. 


Местото е идеално како за семејства кои бараат одмор и релаксација, така и за млади парови кои се желни за истражување на скриени и недопрени плажи во текот на денот и добри кафебарови и клубови во вечерните часови.

Полихроно

Во заливот Торонео, 98 км од Солун, е сместено познатото туристичко место Полихроно. Плажа со постепен влез во море е идеална за деца и возрасни. 


Во Полихроно до доцна во ноќта работат амбуланта, аптека, пошта, голем број супермаркети, хотели, таверни, кафичи, и пекари.

Пефкохори и Ханиоти

Овие места се наоѓаат на источниот брег на полуостровот Касандра, на кои се нанижени прекрасни плажи. Една од најпосетените плажи е Ксенија, близу Пефкохори, која поради широкиот појасн на плитка вода, е идеална за семејства со мали деца . 

Ханиоти има долга песочна плажа, која граничи со парк полн зеленила, на која може да се изнајмат лежалки, чадори, како и реквизити за разни водени спортови.