06 Декември, 2025
0.2442

(ФОТО) Ангела Меркел носи една иста туника 18 години

Објавено во: Стил 08 Август, 2014 19:37

Добивај вести на Viber

Германската канцеларка Ангела Меркел носи иста шарена туника за специјални прилики веќе 18 години, пренесуваат денеска германските медиуми.

Германскиот „Билд“ објави фотографии на Меркел од 1996, 2002 и 2014 година на кои германската канцеларка е во иста туника со тиркизни шари.

„Бидејќи канцеларката сама ја купува облеката, за разлика од некои познати личности кои изнајмуваат скапа гардероба за важни настани, таа често носи иста облека неколку пати“, пишува весникот.

„Билд“ наведува дека Ангела Меркел е симатична за јавноста поради својата штедливост и „лојалност кон старата облека“ и дека така им внесува повеќе довреба од политичките личности кои имаат 30 пара обувки направени по мерка.

Медиумите додаваат дека канцеларката сака да носи фустани од плав сатен кога оди на фестивалот „Бајројт“ да ги слуша делата на германскиот композитор Рихард Вагнер.

 

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: