20 Декември, 2025
0.0625

(ФОТО) АРМ ПОБЛИСКУ ДО ГРАЃАНИТЕ: Отворен ден на армијата насловен „АРМ со вас“

Објавено во: Македонија 04 Април, 2018 13:45

Добивај вести на Viber

Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија денеска напладне на плоштадот „Македонија“ во Скопје  организираше отворен ден со граѓаните на Република Македонија насловен „АРМ со вас“.

На настанот ќе присуствува министерката Радмила Шекеринска, началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски, претставници на воено-дипломатскиот кор во Република Македонија и други високи претставници на МО и АРМ.


Граѓаните на централниот плоштад ќе имаат можност да го слушнат Воениот оркестар,  исто така ќе ја видат точката „Егзерцир“ на гардата на АРМ, како и боречките вештини на армиските специјалци. 


Како дел од настанот ќе бидат претставени и оклопни возила на Армијата, а ќе бидат поставени и штандови на кои сите граѓани ќе можат да се информираат за воената професија и огласот за прием на професионални војници кој е во тек. Пред граѓаните ќе се претстават и Воената академија, Центарот за обука на пилоти и Регионалниот центар за односи со јавноста, кој е единствен НАТО центар во Република Македонија.


Целта на отворениот настан е граѓаните одблиску да се запознаат со својата Армија и нејзините капацитети и да се информираат за воената професија и јавниот оглас за прием на професионални војници.


Можеби ќе ве интересира

Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици

Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти