Добивај вести на Viber
Над 2500 граѓани на Скопје, утринава на Камениот мост и на мостото Око, појадуваа и беа дел од традиционалната четврта по ред Манифестација „Појадок на мост “. Покровителот на настанот, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, изјави дека е задоволен од манифестацијата.
„Со особена чест и задоволство сакам да Ви посакам добредојде на четвртиот по ред „Појадок на мост″. Со цел да излеземе во пресрет на големата заинтересираност за овој настан, оваа година го организираме на два моста и навистина сум среќен што секоја година имаме се повеќе посетители“, истакна Трајановски пред присутните и се заблагодари на сите донатори коишто донираа храна, пијалоци и ја помогнаа реализацијата настанот.
Градот Скопје, од Буџетот годинава издвои 450.000 денари(околу 7300 евра) за реализација на на овој проект, но настанот е помогнат од најразлични донатори, ресторани, пекари, хипер маркети како и производители и увозници на храна и пијалоци кои традиционално донираат свои производи специјално за овој единствен настан од ваков тип во регионот. Спонзори на Појадок на мост 2013 година се: Тинекс; Пелистерка; Пивара- Скопје; Здравје Радово; Римес; Жито леб; Специјал; Веро; Пекара „Вршник“; Винчини; Градска кафеана „Пелистер“; Италијански ресторан „Кај Џино“; Бимилк; Кожувчанка и Занаетчиската комора на Скопје.