Добивај вести на Viber
Генералниот секретар на македонско- германското стопанско здружение, Маријан Малинов и амбасадорот на СР Германија во Македонјиа, г-ѓа Гудрун Штајинакер вчера го отворија седмиот „Октоберфест“ во Скопје.
Повеќе од 1200 гости, пред сe претставници на компаниите членови на македонско-германското стопанско здружение, дипломати и голем број на медиуми вчеравечер имаа можност седми пат по ред да уживаат во вистинска „Октоберфест“ атмосфера.
Настанот и оваа година се одржа во дворот на овогодинешниот главен спонзор БМВ – Маккар, под шатори декорирани во заштината сино- бела боја на „Октоберфест“. Гостите уживаа во вкусни баварски кулинарски специјалитети, вкусот на Скопско како и седум видови на германски пива, во успешна комбинација на традиционална Октоберфест-музика и петчасовниот настап во живо на македонскиот бенд „Деј Оф“.
Девојки во автентични баварски носии ги служа гостите со пиво и придонесоа со својата љубезност и шарм сликата на скопскиот Октоберфест да биде комплетна.
Настанот „Октоберфест“ кој традиционално во Скопје го организираат македонско-германското стопанско здружение и претставништвото на германското стопанство во Македонија им пружи несекојдневна можност на преку 400 компании и на нивните вработени, клиенти и деловни партнери, но и на голем број претставници од дипломатскиот кор во Македонија да уживаат во автентична „Октоберфест“ забава.
„Организацијата на „Октоберфест“ во Скопје е наша традиција која ќе продолжиме да ја негуваме. Во нашето здружение членуваат 180 компании, што не прави најголемо билатерално здружение во државата. Токму овој настан, „Октоберфест“, не прави дополнитело горди бидејќи нашите членови се оние кои со нетрпение секоја година го очекуваат овој настан. И оваа година се бараше билет повеќе за Октоберфестот во Скопје. Овој настан е со најдолга традиција и најголема посетеност во целиот западен Балкан. По примерот на Скопје, и нашите канцеларии на Германското стопанство во Белград и Тирана започнаа да организираат „Октоберфест“ за своите членови“ - изјави Маријан Малинов.
И во септември 2014 повторно ќе речеме: O'zapft is – Тапата е отворена, започнува „Октоберфест“!