ФОТО: Четирите најмодерни дестинации за 2013 година!
Објавено во: Стил 26 Јануари, 2013 04:29
Мислевте дека нема што повеќе да откриете во Европа? Напротив! Малата држава на Јадранскиот брег дефинитивно има што да понуди: планини, голема крајбрежна линија, нови пешачки патеки, велосипедизам, евтини хотели ... ветуваме ви дека ќе се изненадите пријатно, пишува порталот.
Виетнам
Од пред неколку години интересот за Виетнам како туристичка дестинација се зголемува значително, како и побарувачката на промотивни пакети со летови и хотел.
Има и алтернатива за оние кои се заинтересирани за чистата животна средина - Мјанмар е идеално место за нив. Земјата импресионира со својата егзотика, а некои од хотелите и се најдоа и на првите листи за најдобри хотели во светот.
Порторико
Карипскиот остров нуди плажи, шуми, луксузни хотели - и сето тоа според типичните американски стандарди. Таму дури има и метро линија, единствена на Карибите. Покрај тоа, Порторико е почетна и крајната точка на бројни и несекојдневни патувања.
Ски алтернатива
Кој сака да доживее нешто ново и да го замени Алпите, може да замине на зимска забава во Сиера Невада во Шпанија. Кој пак е подготвен да бркне подлабоко во џеб, може да отиде на авантура и во снежните региони на САД или Канада. Има понуди кои и покрај скапиот лет, излегуваат поевтино од ски одмор во Швајцарија!
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





