(ФОТО) Циклон однесе шест животи и расели 13.000 луѓе
Објавено во: Свет 08 Јануари, 2018
Тропскиот циклон Ава го погоди источниот брег на Мадагаскар, при што најмалку шест луѓе загинаа, тројца се повредени, а 13.000 се раселени.
Циклонот го зафати регионот во петокот и саботата, а брзината на ветеровите беше од 140 до 190 километри на час.
Опасноста од циклонот помина, а повлечени се и сите предупредувања.
Во циклонот што во март минатата година го погоди Мадагаскар загинаа 50 лица, а голема штета е направена на плантажите со ванила.