(ФОТО) Дали ова е најубавиот грчки остров за кој не знаевте дека постои?
Објавено во: Стил 01 Септември, 2014 21:15
Факт е дека Грција е преполна со убави и магични острови а HuffPost пишува дека токму Хиос е еден од најубавите.
Овој помалку познат остров се наоѓа во северноисточниот дел на Егејското море. Хиос е најпознат по популарната мастика, стврднат билен сок кој се добива од дрвото мастика-зимзелена грмушка која расте во плодниот регион на Мастихохори.
Мастиката (која некогаш ја нарекуваат и арабиска смола) се користи како боја, во медицински цели и за јадење. Во Хиос можете да купите и џем од мастика, слатки и ликери како узо.
За мастиката се говори како за солза која нуди задоволство, мириса убаво, и ослободува и лечи болки.
Најгоелмо село на мастиката е Пирги, во кое куќите се исцртани со геометриски шари наречени “графито“ а во близина се наоѓа и пбновениот манастир кој е под заштита на УНЕСКО. Овој византиски манастир ги чува мозаици и човечки черепи.
Хиос е познат и по своите преубави плажи на кои нема гужва, можеби затоа што Хиос се уште е скриениот драгоцен камен на Егејското море.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:













