06 Декември, 2025
0.0319

(ФОТО) Денизли – туристички бисер

Објавено во: Стил 17 Јуни, 2014 17:11

Добивај вести на Viber

Градот Денизли со своите бели травертин тераси е единствената туристичка бајка, а нејзиниот најубав дијамант Памукале, што во превод значи „Памучната тврдина“, сведочи за времето и животот од Антиката до денес.

Денизли е стар град на тромеѓето помеѓу егејскиот, медитеранскиот и анадолскиот регион на Турција. За неговото културно-историско богатство најдобро говори туристичкиот бисер Памукале, кој веќе 26 години се наоѓа на УНЕСКО листата на светски наследства.

Локалитетот Памукале се состои од топли извори и травертин варовник, кој има необична форма на плитки терасовидни базени, што резултирале од претекувањето на минерална вода и таложењето на минерали.

Археолошкиот музеј Ерапол, античкиот театар и бројни други сведоци на убавината и историјата на Памукале може да се посетат за време на еднодневната посета на овој град, но за подобро запознавање и добри луѓе на ова место би било потребно да се одвои повеќе време.

Гувернерот на Денизли тврди дека Памукале е уникатно богатство не само во Турција, туку и во целиот свет, и укажува дека поради неговите бели тераси е наречен „бел рај“.

„Минатата година, забележавме рекорден број на посетители на Памукале од 1,7 милиони туристи. Оваа година очекуваме да се сруши рекордот. Тоа е очигледно неминовно. Во првите пет месеци од 2013 година во античките базени се капеа 50.000 туристи, а оваа година бројот се зголемува на 15.000“ изјавува Демир.

Укажувајќи на големите напори на турската влада да ги открие сите убавини и богатството на антиката, кои се скриени под површината на Ерапол, Демир вели дека ова е еден од најголемите археолошки паркови во овој дел на светот.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: