06 Декември, 2025
0.0408

(ФОТО) ФЕНОМЕН: Кинезите уживаат да спијат во ИКЕА

Објавено во: Стил 09 Јули, 2014 19:45

Добивај вести на Viber

Необичен тренд во Кина - се повеќе граѓани решаваат да го пробаат мебелот во салоните на ИКЕА, па дури и да си преспијат на него. Кинезите буквално сфатиле дека удобноста на мебелот на познатиот шведски бренд може да се проба, па ако некој влезе во кинески салон на ИКЕА, може да затекне луѓе кои спијат по креветите и фотелјите. Еден фотограф успеал овој чуден тренд да го документира со фотографии. Портпаролката на ИКЕА Јозефин Торел вели дека станува збор за спонтан феномен. „ИКЕА во Кина не презема ништо по тоа прашање, бидејќи тоа не ни претставува проблем. Среќни сме што луѓето во нашите продавници се чувствуваат како дома“, рекла таа за Волстрит Џурнал. Од десетте најголеми ИКЕА продавници во светот, осум се во Кина.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: