14 Мај, 2024
0.0260

(ФОТО) Феноменална вила со приватна плажа изгледа вака!

Објавено во: Стил 01 Декември, 2014

Добивај вести на Viber

Овој величенствен имот е сместен на светски познатата Каилуа плажа, каде тиркизните води се среќаваат со преубавото плаво небо ...

Овој имот има своја приватна плажа која практично започнува од самите влезни врати. GAST Architects студио од Сан Франциско го дизајнирал овој дома како совршено место за живот, кое се пренесува од генерација на генерација. Со тоа на ум, тие го конструирале овој дом со голем број удобности кои на најдобар можен начин се поклопуваат со локацијата на плажата. Внимание посветено на детеали, квалитетни материјали и преубав план на просторот го креирале ова ремек дел на две нивоа, како семеен дом или совршено место за бегство од бучниот живот на секојдневието. Имотот е обликуван како буквата У, и ви овозможува уживање во приватните простории и пространи заеднички соби. Голем базен со спа центар и водопад во преубавиот двор сместени близу широките патеки и дел за скара, соврешени се за организирање на социјални собири од секаков вид.

Отворената кујна и семејната соба преминуваат полека во дневната соба со трпезарија, со неверојатни погледи на океан. Луксузен главен апартман со одделни тоалети, во комбинација со теретана, медиа соба, лифт и канцеларија го создава најубавите елементи на овој имот. Исто така, оваа вила која е беспрекорно луксузна ни ги претставува и најмодерните одржливи системи. Таа има LEED  сертификат како градба за одржување на системи.

Инаку, сместена е во мирната улица на приватниот и луксузен дел на Каилуа, на само 20 минути од центарот на Хонолула. Цената на овој луксузен имот кој е олицетворени на модерни и современи елементи чини 20.138.000 долари.