06 Декември, 2025
0.2328

(ФОТО) Гламур и светски фаци, еве кој се беше на венчавката на Ноле!

Објавено во: Стил 11 Јули, 2014 01:02

Добивај вести на Viber

На венчавката и свадбената веселба на брачниот пар Ѓоковиќ присуствуваа голем број гости од целиот свет.

Најсреќниот ден на Ноле и Јелена со своето присуство го збогатија тренерите на најдобриот српски и светски тенисер Марјан Вајд и Борис Бекер. Тука беше и фудбалерот Сервет Невен Марковиќ, кој беше и кум на венчавката на Ноле.

Помеѓу гостите исто така беа и колегите на Новак Јанко Типсаревиќ, кој дошол во друштво на сопругата Билјана Типсаревиќ.

После некое време, се појави и Виктор Троицки со девојката Софија Милошевиќ.

Секако, на вакви настани мора да се појави и Ненад Зимонјиќ, кој дошол со својата поубава половина и сопруга Мина.

На венчавката присуствуваа и селекторот на Дејвис куп репрезентацијата Богдан Обрадовиќ, како и некогашниот советник на тенискиот национален тим Никола Пилиќ.

Исто така на венчавката присуствуваа и многу Нолетови другари.

Да потсетиме, венчавката во црква ќе биде одржана на 12 јули.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: