(ФОТО) ГРЦИЈА ЈА ПРИЗНА ПАЛЕСТИНА: Уште една европска држава ја подржа независноста на Палестина
Објавено во: Балкан 22 Декември, 2015
Грчкиот парламент едногласно донесе одлука да ја признае независноста на државата Палестина, пренесува „Раша тудеј“.
Гласањето се одржало за време на официјалната посета на палестинскиот лидер Махмуд Абас во Атина, со кој се сретнал и грчкиот премиер Алексис Ципрас.
Претседателот на Грчката влада изјавил дека гласањето во парламентот служи само за да се потврди формално ставот на Атина.
Инако, Палестина како држава е признаена од 135 членки на Обединетите нации.