Добивај вести на Viber
Километарски колони за влез и излез на македонско-бугарската граница. Како што јавуваат граѓаните за Фактор, со часови се чека да се мине македонско-бугарската граница на преминот Ново Село.
Граѓаните се револтирани поради некипираноста на службите, како од македонска така и од бугарска страна. Слична е велат и ситуацијата на Деве Баир.
Нашите читатели ни ја испратија оваа слика на која се гледа километарска редица при излез од Македонија за влез во Бугарија.
„Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини со Р.Бугарија поради зголемена фреквенција на возила можни се задржувања. На останатите гранични премини нема подолготрајни задржувања за влез и излез од Македонија“, стои и во известувањето од АМСМ.
Поради продолжениот викенд и празникот 11 Октомври, голем број граѓани денеска се упатија кон соседна Бугарија во туристичките центри како Банско и Сандански. Велат цените се многу поевтини од тие во земјава, а услугата двојно подобра.