15 Мај, 2024
0.0251

(ФОТО) Имот кој плени со луксуз

Објавено во: Стил 24 Ноември, 2014

Добивај вести на Viber

Префинет имот, каков досега сигурно не сте виделе, сместен на површина од 5.44 хектари во „Линкол Лејн“ улицата, сега може да биде ваш...

Цената на овој величенствен имот, кој прегрст луксузни елементи и удобности е 11.995 милиони долари. Оваа вила има речиси 2000 м2 површина луксузно опремени и декорирани простори. Има шест спални соби и 12 купатила, а во целиот ентериер може да се видат најфини завршни детали и неверојатно комоција. Во рамки на оваа вила постои куглана која е опремена со најмодерни елементи, како и професионална теретана, приватно кино, игротека, вински подрум и друго, а и има интегрирани Лутрон/Севант системи и уште многу друго.

Во екстериерот на оваа вила ве очекува величенствено пространство. Тука се базенот со стаклени плочки, џакузи на отворено, ложа пред базенот направена во спа стил, скара, неколку сјајни водопади, спортски терени, како и професонално дизајнирана куќичка на дрво.

[gallery]