(ФОТО) Интересни острови кои уште не се „окупирани“ од туристите
Објавено во: Стил 01 Август, 2014 19:13
Дали знаевте дека Европа е најстариот континет на светот и дека должината на нејзините брегови е околу 41. 000 километри?
На таквите брегови има секако многу острови, а меѓу нив и оние кои уште не се преплавени од туристите.
Руген
Еден од нив е Руген во Германија. Сместен во Балтичкото море, и одвоен од копно со морскиот пролаз на Стрела Сундон. Руген има долга туристичка традиција благодарение на преубавата природа - долга песочна плажа, пространи шуми кои ги сокриваат од ветер и високите карпи од бел варовник.
Сарема
Освен Руген, еден од островите на кои нема да имате проблеми со гужви е и Сарема во Естонија на која се уште живее дрвнио дух на оваа мала држава. На него живеат околу 40 000 луѓе, односно околу 2,5 одсто од популацијата на Естонија.
Борнхолм
Еден таков остров сместен на Балтичкото море е и Борнхолм, кој се наоѓа 150 километри југоисточно од Копенхаген. На овој остров се наоѓаат некои од најубавите природни богатства на Европа, како водопадот Дондалафалд кој е висок дури 22 метри и воедно е највисокиот водопад во оваа земја.
Мон
Уште еден дански остров вреден за внимание е Мон. Овој зелен остров го красат неверојатни природни убавини. Главна атракција на островот позната на сите Данци се карпите Монс Клинт.
Скај
Никако не смееме да го заборавиме тивкото шкотско езеро Скај кое нуди спектакуларни пејзажи. Освен во природа, на овој остров можете да уживате во прошетка на еден од најпознатите шкотски дворци Дунвеган.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:









