07 Декември, 2025
0.0583

(ФОТО) ИЗБРАНА: Јужноафриканка нова Мис на светот!

Објавено во: Стил 14 Декември, 2014 21:48

Добивај вести на Viber

Мис на Јужна Африка Ролин Страус е прогласена денеска во Лондон за Мис на светот, на натпреварот во кој учествуваа 121 претставнички од целиот свет.

Ролин Страус има 22 години, студира медицина, во слободно време сака да слуша музика и се занимава со спорт. Круната Мис на светот ја превзеде од Филипинката Меган Јанг.

mis na svetot 2014

Прва претставничка оваа година е Унгарката Едина КЛлучар, а второто место на претставничка го доби Американската Елизабет Сефрит.

mis na svet 1

Македонија нема своја кандидатка. Неколкуте неуспешни обиди да се избере „Мис на Македонија“ останаа обвиени со скандали.

Прогласувањето на Мис на светот за оваа година помина во сенка на убиството на Мис Хондурас Марија Хосе Алвардо и нејзината сестра Софија Тринидад.

mis na svet 2014(1)

Неколку поранешни натпреварувачки за најубава жена на светот подоцна станале познати актерки, меѓу кои е Хали Бери, финалистката од 1986 година и добитничка на Оскар во 2009, додека Мис на светот во 1994, Индијката Аишварија Раи стана ѕвезда на Боливуд.

Венецуела досега освоила најмногу титули, вкупно шест, пред Индија и Британија кои по пет пати имале најубави жени на светот.

mis na svetot

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: