(ФОТО) Изрешетан со 7 куршуми во центарот на градот: Ова е убиеното момче во Нови Пазар
Објавено во: Балкан 14 Јануари, 2019
Дамир З. (17) е убиен синоќа половина час после полноќ во улицата Авној во строгиот центар на Нови Пазар.
Според неофицијални информации, Ф.С. на шеталиштето му пришол на Дамир и испалил седум куршуми од огнено оружје во пределот на градите и стомакот.
Осомничениот е уапсен од новопазарската полиција во текот на ноќта во Тутино.
Според неофицијални информации, како можен мотив за убиството се смета безмислена караница помеѓу убиениот и братот на осомниченото момче.