05 Мај, 2024
0.0234

(ФОТО) Како изгледа најголемата вила во Велика Британија?„

Објавено во: Стил 08 Декември, 2014

Добивај вести на Viber

Дури и во земјата во која постојат голем број импресивни замоци и палати, „Wentworth Woodhouse“ е неверојатен имот ...

vila-u-britaniji_99

Стара речиси три века, оваа величенствена вила има најстара куќна фасада во Европа, дури два пати поголема од Бакингамската палата. Со дури 25.000 м2 животен простор, ова апсолутно е најголемата приватна вила во цела Британија. Оваа фантастична вила е сместена во срцето на имотот кој наликува на парк и кој се простира на околу 90 хектари. Таа, наводно има околу 5 милји ходници. Има 365 соби кои варираат по големина и облик а за нејзината големина ги говори фактот дека во еден момент за нејзиното одржување биле вработени 1000 луѓе.

vila-u-britaniji_3

Од 1999 година, оваа вила е во сопственост на архитектот Клифорд Њуболд, кој ја купил по цена од само 1,5 милиони британски фунти. Сега таа е на продажба, по значајно голема цена - за неа се бара сума од седум милиони фунти, односно околу 11 милиони долари. Сепак, за ваков имот кој е налик на палата и оваа цена е ниска. Постои едем проблем во целата приказна. Имено, оној кој се одлучи да ја купи оваа вила ќе мора да потроши до 50 милиони фунти на разни поправки кои ги предизвикал рудникот кој се наоѓа во нејзина околина.

vila-u-britaniji_2

vila-u-britaniji_1