16 Мај, 2024
0.0264

ФОТО: Како изгледа најскапиот бисер во светот?

Објавено во: Стил 23 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Бисерот е широк околу 30 см и долг над 60 см, и со овие димензии го надминува рекордот, кој го држеше „Бисерот на Алах".

jt-13987472_10154479198997360_6687416095868913188_o

Рибар го најде џиновскиот бисер и го држел дома цели 10 години, за да му носи среќа, објави „Мирор".  Мажот го нашол скапоцениот камен во морето тежок 34 кг, во близина на брегот на островот Палаван на Филипините. Човекот дури немал поим дека е бисер, кој е 5 пати поголем од претходниот рекорд, и чини цели 100 милиони долари. Пожар во дрвената куќа сепак го принудил да се пресели и тој решил да го предаде каменот на туристички службеник во оддалечениот град Пуерто Принсеса. Огромниот бисер треба да биде признаен за автентичен од  некои меѓународни органи, пред рекордот да биде официјално прифатен.