28 Април, 2024
0.0401

ФОТО: Кој доби Голф 7 на лото за 11октомври?!

Објавено во: Мои пари 14 Октомври, 2013

Добивај вести на Viber

Државна лотарија на Македонија со доделувањето на убава премија го одбележа празникот 11 Октомври. Третата премијата Голф 7 во популарната Инстант лотарија 7ма Брзина, по Охрид и Скопје отпатува во Струмица. Од струмичкото село Василево ни доаѓа нашиот најнов среќен добитник Далибор Георгиевски, кој државниот празник 11 октомври го одбележува и како личен, семеен празник. Имано, токму неговата постара ќерќичка е родена на овој ден, па овој роденден беше збогатен со убавата премија која сигурно ќе биде повод плус за радост на овој ден во нивното семејство. Ќеркичката полни 5 години, а роденденската торта годинава беше во знакот на оваа популарна инстант лотарија 7ма Брзина. Далибор е редовен играч на инстант лотариите, што е уште една потвдра дека среќата ги прати упорните. Неговата истрајност го довела до продажното место Ваткос во Струмица од каде ја купил среќната грепка чија стрелка ја посочила оваа убава премија, автомобилот Голф 7. Во Струмица, токму пред продажното место кое за него е среќно, тим на Државна лотарија на Македонија предводен од маркетинг директорката Камелија Левенска Николовска и прекрасната НОВОЛОТО водителка Марјана Станојковска, славенички му ги додели клучевите од новиот автомобил, Голф 7 на 11 октомври. Само за постетување досега покрај трите премии-автомобил Голф 7, имаме и по еден добитник на 100 илјади и уште еден кој освои 50 илјади денари во најновата Инстант лотарија на Држвана лотарија на Македонија, 7ма Брзина. Инстант лотаријата СЕДМА БРЗИНА беше лансирана на 10ти јули годинава, а на играчите на игрите на среќа им овозможува на лесен, забавен и евтин начин да дојдат до одличната понуда на добивки на чело со 10 автомобили ГОЛФ 7, обезбедени во соработка со Порше Македонија. Вкупниот број на добивки во новиот Инстант лоз на ДЛМ е 311.030, а вкупен фонд е 26.702.000 денари, со што секој трет лоз е добитен. Лозот СЕДМА БРЗИНА содржи поле за игра, поделено на девет сегменти, прекриено со заштитен слој под кој се наоѓа стрелката и автомобилски брзинометар. Стрелката лесно го насочува играчот кон видот на добивката прекриена со заштитниот слој, додека пак на брзинометарот се испишани видовите на добивки и тоа од 0 до останатите добивки кои следат по раст, 40, 80....50.000, 100.000, заклучно со премијата ГОЛФ 7. Стрелката може да упатува само на еден вид на добивка. Доколку упатува кон 0, тогаш лозот е недобитен.

Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг