20 Декември, 2025
0.1192

(ФОТО) Комплетно уживање за сите сетила, дегустација од врвни мастер шефови во ресторан FOUR

Објавено во: Мои пари 03 Април, 2017 16:23

Добивај вести на Viber

Во сабота (01.04.2017) во ресторанот Фор љубителите на десерти имаа ексклузивна можност да дегустираат  голем број на слатки деликатеси, приготвени од рацете на нашите мајстори заедно со гости од странство, мастер шефовите Франциско Ариола и Сокол Пренга.

Врвните шефови заедно со тимот од ресторанот посветено работеа слатките да изгледаат одлично и вкусно. 


Присутните уживаа во лимон тарт, бисквита со цитрон и какао, различни врсти на мали чоколади, торта со јаболко, тирамису, панакота со шумски овошја и крцкави тестенини, луто чоколадо со 80% какао и крем од ѓумбир и портокал и многу други вкусови сервирани на уникатен начин нетипични за македонската кујна и приготвени по најсовремени кулинарски техники. 

Пред голем број на новинари, пријатели на ресторанот и експерти од оваа област ресторанот Фор ги престави своите деликатеси кои ги спремаат заедно со тимот, меѓу кои имаше слатки кои за прв пат во Македонија можеше да се пробаат.

Шеф Франциско Ариола е 30 годишен шпанец кој живее и работи во Тирана, Албанија. По професија е адвокат, но како шеф се има докажано во своето вистинско светло. На крајот на 2012 година ја напушта Шпанија, а својата среќа во кариерата и љубовта ја наоѓа во Албанија, каде што ја запознава својата сопруга и учествува во шоуто Master Chef Albania. Франциско во моментов има свој шпански ресторан во Тирана.

Сокол Пренга e 43годишен мастер шеф од Албанија, кој e сопственик на еден од најпознатите ресторани за слатки во Тирана – Delikatese, ресторан и кетеринг.

Своето искуство го има стекнато работејќи во различни ресторани во Албанија, Грција и Холандија.

Во 2017 година започнува соработка со интернационални компании, за консултации и тренинг на ресторани и хотели со држави како Колумбија, Куба, Чиле, Мексико и други.

Гостите кои ги дегустираа десертите ги оценија слатките работи според своето лично мислење, а најпопуларните слатки ќе бидат дел од менито во ресторанот кои ќе може да ги пробаат гостите. 


Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии