20 Декември, 2025
0.0845

(ФОТО)Late Night Shopping, уживање за сечиј џеб и вкус: Забавата и шопингот продолжуваат и денес!

Објавено во: Мои пари 04 Јули, 2015 14:28

Добивај вести на Viber

Beachwear Fashion Show, со кое вчеравечер и официјално започна Late Night Shopping во Скопје Сити Мол, беше полн погодок за сите присутни. Згодните модели мамеа погледи под убавото вечерно небо, а тие на присутните им ги претставија најновите летни колекции. Миксот од новите модни парчиња, убавината која парадираше на модната писта, летната атмосфера на сцената на чело со Лила Филиповска, провокативната Симона Поповска со својот примамлив настап заедно со Ерик Фокс од The Sound Messengers, жешкиот ритам на Тумбао Салса Бенд и загревањето со летните звуци на ДЈ-от, не дозволија никој да остане рамнодушен. Но за забавата да биде комплетна, модното шоу беше надополнето со гламурозен златен финиш. Една од моделите се појави на сцената прекриена само со сјајни Сваровски кристали, а ловејќи ги погледите на гостите, покрај неа се гледаше само светлината од блицовите на присутните кои брзаа да ја фотографираат. IMG_4537 Големите попусти, купување на омилените брендови по ниски цени и моден предизвик од македонските модни блогерки беа она што дополнително ги остави без здив сите посетители синоќа. IMG_5389   Денес, 4-ти јули, програмата продолжува внатре, со почеток од 12 часот, на сцената пред Плеј Кафе каде што свој музички ДЈ сетови ќе имаат најдобрите македонски ДиЏеи во друштво на најталентираните танчерски групи. Од 18 часот свој настап ќе имаат ConTry Dj, во 21 часот на сцената ќе настапат Азафран Микс, додека од 23 часот сцената е повторно резервирана за диско забава со ДЈ. И за најмалите продолжува модниот предизвик, креативните дизајнерски работилници со меѓународниот институт за мода „Изет Цури“ ќе се одржуваат и денес во игротеката „Imaginarium“, од 12 до 14 часот. Панорамскиот автобус кој се обраќа по линијата на број 15, ќе вози и денес, бесплатно за сите оние кои сакаат да дојдат во Скопје Сити Мол и да уживаат во ова одлично шопинг искуство. IMG_2800 Овој настан од светски размери не се пропушта. Skopje City Mall докажува дека трендовите на шопинг до доцна се возможни и кај нас. IMG_3562 IMG_5268 IMG_5661 IMG_5090 IMG_5250 IMG_5278 IMG_5487 copy IMG_5561 IMG_5763

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии