(ФОТО) Луксузната јахта „Тримаран“ која се продава за 50 милиони евра има купувач
Објавено во: Стил 19 Декември, 2014 18:50
Иако продажбата на новата луксузна јахта уште не е почната, на презентациите во богатите арапски земји на Заливот веќе се појавиле четворица потенцијални купувачи.
„Francis Lapp“ и неговиот „ Sunreef Yachts“ го направија тоа повторно, после успешното лансирање на „Sunreef 80 Levante“ минатата година и „ 70 Sunreef“ енергија во 2012, сега ни пристигна нивниот 64-метарски „210 Power Trimaran“.
Концептот на тој „тримаран“ во јавноста е откриен во април оваа година и тоа на четири ексклузивни презентации во Ријад, Доха, Абу Даби и Дубаи, а во мај е прикажан и на катарскиот „ International Boat Show“. Само два месеци подоцна, „Sunreef“ е веќе во преговори со четири потенцијални купувачи на кои не им е проблем да платат по 50 милиони евра. Планираниот „тримаран“ ќе биде долг 64 метри, односно четири метри повеќе отколку концептот на хибридниот „катамаран“ кој го најавуваат нови играчи од конкурентниот „Blue Coast Yachtsa“. „Тримаран“ ќе има неверојатна просторна внатрешност од дури илјада квадратни метри, а секој од нив чини 50.000 евра. Меѓу нив, има шест пространи гостински кабини, а 12 челнови на екипажот се грижат за 14 гости.
Французинот Francis Lapp почна да произведува суперјахти во бродоградилиштата во полски Гдањск, во кој кариерата ја започнал и „Lech Walesa“.
Francisбил стравствен возач на авто-рели трки , а во Полска прв пат допатувал во 1992 година, на повик на Варшавскиот автоклуб. Почуствувал голема прилика на пазарот и подоцна се преселил во Полска. Потоа почнал да се занимава со закуп на „катамарани“ на Мадагаскар, а во 2001 одлучил да покрене нивно производство.
Изнајмил простор во бродоградилиштето Гдањск, вработил 60 лица и почнал да го гради својот прв „катамаран“, „Sunreef 74“.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:






