(ФОТО) „Mercedes-Benz“ ја покажа новата „C-Class Coupe“
Објавено во: Мои пари 14 Август, 2015
Mercedes-Benz официјално ја покажа новата генерација на C-Class Coupe. Моделот ќе има премиера во Франкфурт во септември, а на пазарите во Европа ќе се појави пред крајот на оваа година.
Веќе неколку пати видовме шпионски фотографии на моделот, па не сме изненадени од дизајнот на каросеријата. Тој во голема мера е под влијание на поширокиот S-Class Coupe прикажан претходно оваа година. Во споредба со претходната генерација на C-Class Coupe новиот модел е со 95 мм подолг, со 40 мм поширок и има зголемено 80 мм меѓуоскино растојание.
Во моментов од германската компанија не се откриваат детали за моторите на моделот. На официјалните слики се гледаат две од модификациите - C300 и C250d 4MATIC Coupe.
Ќе бидат достапни и спортските верзии на AMG - C63 Coupe и C63 S Coupe, а тие ќе бидат прикажани на 19 август.За конкурентот на BMW 4 Series Coupe се знае дека ќе нуди опции како погон на сите четири тркала и воздушно потпирање. Во однос на безбедноста моделот ќе располага со голем број статисти, меѓу кои адаптивен автопилот, систем за автоматско паркирање, 360-степенска камера и интелигентна климатизација, која работи заедно со навигацијата.
Сите детали за новиот C-Class Coupe ќе бидат откриени во средината на септември, кога ќе се одржи официјалната премиера на моделот. Продажбата во Европа ќе стартуваа пред крајот на оваа година, додека во САД моделот ќе биде достапен напролет следната година.