06 Декември, 2025
0.0291

(ФОТО) На ова место пред 100 години се тестирале бомби, денес изгледа вака!

Објавено во: Стил 25 Јуни, 2014 18:31

Добивај вести на Viber

Посетите на места на кои се вршени нуклеарни проби веќе и не се така егзотични како што биле некогаш, а пример за тоа е местото на кое се испробувале бомби „Тринити“ во Ново Мексико во САД.

И мексичката влада пред Првата Светска Војна своите бомби ги тестирала на островот Мариета. Она што ова место го прави различно од сличните такви подрачја ширум светот е неочекуваниот изглед.

 

Никој не би очекувал местото на кое се тестирани бомби изгледа речиси како површината на месечината. Но со островите на Мариета, работите изгледаат навистина различно.

Најубавата плажа на еден од островите има дури и неодоливо романтично име - Playa de Amor (плажата на љубовта). Дупката која ја гледате настанала од експлозија.

Кој би рекол дека овде некогаш владеле експлозии?

Местото станало туристичка атракција. Сите сакаат да го видат делот од историјата кој изгледа вака спектакуларно.

Не може, меѓутоа, било кој, било кога да пристапи на ова рајско место со пеколно минато.

На сите посетители им е потребна посебна дозвола од владата на Мексико.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: