28 Април, 2024
0.0271

(ФОТО) Најновите смартфони, 5G, виртуелна реалност и многу атракци на MWC2018

Објавено во: Економија 28 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

MWC2018 во Барселона на едно место ги собра најмоќните технолошки брендови кои ги открија насоките во кои ќе се развиваат иновациите во наредниот период. Главен фокус на сите штандови е ставен на виртуелната и проширената реалност.


Од бројните презентации исто така е сосема јасно дека до 2020 година во функција веќе ќе биде пуштена новата 5G мобилна мрежа која ќе донесе супер брзина за пренос на податоци, неограничена мултимедија, Интернет на нештата на највисок степен на функционалност како и нови алатки за бизнисот, институциите и корисниците.


 Најголемо внимание секако, привлече новата Galaxy S9 серија на Samsung со напредна камера во која е интегриран систем за AR Emoji. 

Корисници на социјалните мрежи ќе имаат голема забава креирајќи свои виртуелни аватари. Камерата на Samsung Galaxy S9 исто така може да снима во ултра забавена снимка и е една од најмоќните досега во мобилната индустрија. Huawei го искористи MWC 2018 за лансирање на новата серија на мултифункционални таблети кои со цената и хардверската моќ ќе бидат голема закана за iPad Pro на Apple, како и за хибридните лаптоп/таблети на Microsoft.


LG Mobile исто така не прикажа нова генерација на премиум смартфон туку се реши да понуди нови решенија за паметната камера на LG V30s кој одлично функционира со ThinQ системот за вештачка интелигенција. 


MWC2018 како најголемиот светски саем за технологија покажа импресивни нови технологии, нов поглед на blockchain апликациите кои за некоја година ќе станат наше секојдневие, а постави и одлични насоки за поврзување на технолошките компании, иноваторите, мобилните оператори и секако крајните корисници.


Можеби ќе ве интересира

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност