15 Мај, 2024
0.0288

(ФОТО) Најскапите куќи на познатите!

Објавено во: Стил 20 Ноември, 2014

Добивај вести на Viber

Холивуд е секако најголемата индустрија на забава веќе со децении наназад, а го сакаат луѓето ширум светот ...

Поради своjата огромна популарност во сите краеви на светот, познатите личности коои на било кој начин се поврзани со Холивуд имаат огромна вредност. Овој пат ви претставуваме 10 најскапи куќи на познатите кои се наоѓаат во Холивуд.

10. Ози Озборн

Хиден Хилс, Калифорнија:  10 милиони долари

Како водач на популарната група Блек Сабатх, Ози се прослави доволно. Сепак, тој имаше и свое семејно реално шоу, а се прогласил и за родоначалник и кум на хеви метал музичкиот правец. Тој голем дел од неговите пари вложил во својот огромен имот во Калифорнија, односно преубава вила од 1500 м2 која има шест спални соби и десет тоалета, во комбинација со феноменално уредено природно опкружување.

9. Вил Смит, Калабасас, Калифорнија 20 милиони долари

Вил Смит својот најголем успех го постигна поради филмовите во кои беше главна ѕвезда, па така на нов заработил голема количина пари. Тој сите пари ги инвестирал во величенствената куќа која се состои од кошаркарски терен, терен за голф и многу други луксузни погодности. Неговиот имот е толку голем што има свој сопствен повикувачки број.

8. Арнолд Шварцанегер

Брентвуд, Калифорнија: 23,5 милиони долари

Овој глумец кој и се посвети на политиката целиот свој труд го вложил во оваа огромна вила од околу 2000 м2 во Калифорнија, која е прогласена за една од најскапите куќи познати од Холивуд.

 7. Кристи Бринкли

Лонг Ајленд, Њујорк: 30 милиони долари

Оваа успешна манекенка и модел си ја купила оваа прекрасна вила на Лонг Ајленд која има преку единаесет спални соби и девет тоалета. Посебен украс на овој дом е видиковецот кој е многу простран. Токму тој елемент ја прави една од најекстравагантните вили на цел свет.

6. Џери Сеинфелд

Хамптонс, Њујорк: 32 милиони долари

Неговот шоу од него направи национална и интернационална личност. Кога се збогатил, Џери си купил многу луксузна вила во Хамптонс, во чии рамки има и терен за безбол.

5. Били Џоел

Мајами Бич, Флорида: 35 милиони долари

Оваа вила е сместена на ексклузивниот Ла Горсе остров и има неверојатно 30.000 м2 површина. Таа има свој приватен имот, величенствен базен, кујна на отворено и преубав двор.

4. Хју Хефнер

Лос Анџелес, Калифорнија: 54 милиони долари

 Хју Хефнер е мажот кој го живее сонот на секој маж. На пример, неговата вила која се наоѓа во Калифорнија всушност е неговата Плејбои вила, во која тој живее со своите зајачици. Вилата содржи огромен базен, вински подрум и тениски терен, на кој преубавите млади дами се забавуваат по цел ден.

3. Опра Винфри

 Монтесито, Калифорнија: 85 милиони долари

  Опра Винфри е позната како една од највлијателните личности на светот, па нејзината вила сосема одговара на нејзината моќ. Се состои од шест спални соби, четиринаесет тоалети и десет камини. Во нејзини рамки е исти така и езерото во кое се наоѓа и колекцијата на егзотични рибички.

2. Бил Гејтс

Медина, Вашингтон: 147,5 милиони долари

Бил Гејтс е еден од најбогатите луѓе на светот. Се збогатил поради својата софтверска империја Мајкрософт и сега е сопственик на огромна вила од 6000 м2.

1. Арон Спелинг

Лос Анџелес, Калифорнија: 150 милиони долари

 Арон Спелинг е познат продуцент на омилените ТВ серии кои беа прилично гледани: Династија, Беверли Хилс 90210 и Мелорус Плејс се само некои од нив. Неговата работа го доведе до тоа да стане реално богат човек, па поради тоа можел да си ја дозволи оваа величенствена вила која има четири гаражи, базен, тениски терен, лизгалиште и куглана.